Рубрика: Електроника
Јонизатор на воздух
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога сте на планина планинскиот воздух ве опива и во опушта, истото тоа ви се случува и од морскиот воздух кога се наоѓате покрај морски брег. Значи, планинскиот и морскиот воздух дејствува, односно влијае позитивно на психолошката и физичката состојба на многу луѓе. Сето тоа е резултат на поголемиот број на негативните јони во воздухот. Позитивните ефекти од негативните јони можете да ги почувствувате и во својот дом доколку го изработите и го употребувате јонизаторот прикажан во овој проект.

Овој ефект, кој има многу позитивно влијание врз психологијата и расположението на човекот, можете по вештачки пат да го постигнете и во вашиот дом. Тоа значи подобрување на квалитетот на воздухот во домашен амбиент, особено во овие есенски, па и зимски тмурни и студени денови кога не можете прозорците многу да ги отворате. Постојат две добри причини за постоење на негативни јони во околниот воздух: - првата е, јоните ги соединуваат прашината и аеросолите, по што тие стануваат потешки во однос на околниот воздух и паѓаат на подот. - втората, јоните ги привлекуваат бактериите и гремините, кои со електричното празнење се уништуваат. Значи, со овој уред се чисти воздухот од прашината и од несаканите бактерии. Научните истражувања дополнително докажуваат дека негативните јони од кислородот се многу битни за нашиот организам, односно за нашиот метаболизам. Со вдишување на јонизиран воздух се зголемува концентрацијата на кислородот во крвта, што резултира со подобрена функција на нашите органи, исто така, овој ефект го подобрува метаболизмот на клетките. Овие негативни јони влијаат на репродукцијата на серотонинот во нашето тело. Серотонинот е хормон кој се наоѓа во нашиот мозок, а помеѓу останатото тој влијае врз расположението и самодовербата кај луѓето. Зголемениот број на негативни јони обезбедува да се чувствувате многу подобро. Ако балансот и рамнотежата на збирот на негативни и позитивни јони во воздухот во вашата канцеларија или во вашиот дом е вознемирувачки, дополнителните негативни јони позитивно ќе дејствуваат на квалитетот на воздухот и на расположението на луѓето кои престојуваат во просторијата. Сето ова можете да го реализирате со јонизаторот на воздух опишан во овој проект!

Технички карактеристики:

Напојување: од адаптер 12-15Vdc/ 150mA;

Излезен напон: 3,5 kV

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК428
Трансформатори: 230V/ 2x9V/ 1,5VA;
Кондензатори: 4,7nF/ 630V

Изработениот прототип на јонизаторот на воздух,

Изработениот прототип на јонизаторот на воздух - поглед од другата страна


Јонизаторот на воздух изработен од страна на Сашо Филиповски од Битола

Јонизаторот на воздух изработен од страна на Сашо Филиповски од Битола

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.