Рубрика: Електроника
Регулатор за лемило
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Зошто врвот на моето лемило постојано поцрнува и се разјадува? Зошто тоа не го задржува добро калајот, туку тој се претвора во топче и бега од местото на лемењето? Зошто моите споеви не изгледаат убаво и понекогаш бакарната фолија се одлепува од самата печатена плочка при лемењето? Во претходниот број ги разгледавме причините за некои од овие проблеми. Во овој број ви нудиме уред со кој ќе решите некои од нив.

Како што видовме во минатиот број, најголемиот дел од проблемите при лемењето потекнуваат токму од преголемото загревање ва врвот на лемилото, затоа решението треба да го бараме во намалувањето на ова непотребно прегревање, а, сепак, врвот да остане доволно топол за да може да лемиме. Колото кое ви предлагаме да го изработите треба да биде додаток за обично лемило без автоматска регулација на температурата. Овој склоп, од една страна, се приклучува на мрежен напон, а од друга, на лемилото и (со еден спроводник) за држачот на лемилото. Склопот во основа претставува коло за регулација на моќност на потрошувач со тријак. Идејата е следната: кога лемилото е поставено на држачот склопот кон лемилото испорачува намалена моќност која може самите да ја определиме со потенциометарот во зависност од тоа каков лем користиме (со кој процент на калај). Кога лемилото ќе го одвоиме од држачот со цел да залемиме некој спој, тогаш склопот кон лемилото испорачува максимална моќност (номиналната моќност на лемилото). На тој начин кон лемилото се испорачува максимална моќност само кога лемиме, односно кога врвот најмногу оддава топлина и најмногу се лади. Се разбира, од овој склоп не може да очекувате резултати како кај лемилата со автоматска регулација, но бидете сигурни дека врвот на вашето лемило многу подолго ќе трае и лемењето со вашето лемило ќе биде многу поквалитетно од порано.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК427
ИК: 4093;
Тријак: BTA08
 

Кутијата се состои од два сегмента - долен дел и поклопец

Страничен поглед на вградената плочка.

Во внатрешноста на регулаторот за лемило.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.