Рубрика: Електроника
Испитувач на интегрирани кола и LED-дисплеи
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Секој посериозен електроничар во својата работилница покрај уредот за напојување со стабилизиран напон, пожелно е да поседува и испитувач на интегрирани кола. Во проектов што ќе го проследите ви нудиме еден таков електронски склоп, со чија помош, ако го изработите, на едноставен начин ќе можете да ја испитувате исправноста на голем број интегрирани кола и ЛЕД-дисплеи.

Кога некој уред не работи, иако содржи квалитетни компоненти, најмногу се сомневаме во неисправноста на активните компоненти. Електронскиот склоп прикажан на слика 1, овозможува многу брзо и едноставно испитување на најчесто користените интегрирани електронски кола, како што се, на пр.: 555, 741, 3130, TL071, TL081, LM324, 4001, 4011, 4017, 4027, 7400, 7403, 7490, и 15mm-ски седумсегментни дисплеи со заедничка катода (CC – Common Cathode).

При дизајнирањето на плочката со печатеното коло (ППК) направив компромис да не е многу голема за да ја намалиме цената за нејзина изработка, а од друга страна, димензиите се така избрани, за со распоредот на компонентите да ви овозможиме лесен пристап на одделните подножја. Со тоа, на најмала можна мерка ги смалив проблемите при ставањето, односно вадењето на интегрираните кола.

За секое интегрирано коло (IC) е предвидено посебно испитувачко коло. Во пракса главно се испитуваат едно по едно IC, но нема да има никаква опасност истовремено да се искористат сите расположиви места (DIL подножја) за испитување. При испитувањето, на секое интегрирано коло му припаѓа одреден и нагоден влезен сигнал, а излезниот сигнал е видлив на соодветните LED диоди. Трепкањето на лед диодите е со фреквенција од 2Hz, лесно е уочливо, а тоа кажува дека испитуваното интегрирано коло е исправно. Ако соодветната лед диода свети без прекин или не свети, тогаш IC-колото кое се испитува е неисправно, т.е. оштетено.

Технички карактеристики:

Збирен преглед на интегрирани кола кои можат да се испитуваат во соодветните подножја:
IC1 - 555 (NE555, LM555, NA555, SA555...)
IC2 - 4027
IC3 - 4017 IC4 - 4011, 4001, 4071, 4081, 4093, 4070, 4077...
IC5 - 741 (LM741, µA741, AD741...)
IC6 - LM324, LM348, TL064, TL074, TL084, LF347, LF444, LM6134, LM6144, TLC074, TLC274, TLC279, TLV2464, TLV2474, OP482...
IC7 - CA3130, CA3140, CA3420, CA741, AD711, TL061, TL071, TL081, LF411, LF441, TLC071, LF355, LF356, NE5534, OP07, OP27, OP37, OP77...
IC8 - 7490 IC9 - 7400, 7403, 7437, 7408, 7409, 7432, 7486, 74132...

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК426
ИК: 555, 4027, 4017
LED дисплеј
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Демонстрација на работата на испитувачот на ИК
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.