Рубрика: Електроника
Електронско ехо РД-2.5
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сигналот од микрофонот или од електричната гитара успешно и квалитетно е засилен на вашиот аудиозасилувач, но со една забелешка - на вашето уво дејствува прилично "суво"! Поради таа причина на звукот од инструментот или на вашиот говор (или песна, ако сте талентирани) потребно е да се додаде одреден впечаток на живост и просторност. Сето тоа на наједноставен начин ќе го остварите, ако го проследите и го изработите електронскиот уред т.н. "Електронско ехо" кој подетално е опишан во овој проект.

Пред околу 20 па и повеќе години впечатокот на просторност на звукот кај гитарските па и други разгласни аудиозасилувачи се остваруваше така што на оригиналниот сигнал се додаваше сигналот на "одекнување", односно “reverb”. Сигналот на одекнување (reverb) се создаваше со претворање на електричните осцилации во механички со помош на спирала специјално изработена за таа намена. Механичките осцилации во текот на поминување од едниот крај до другиот низ спиралата задоцнуваа за одредено време во однос на оригиналниот сигнал, приближно за 50-100ms, а сето тоа зависеше од должината и од механичките карактеристики на спиралата. Во поново време овој начин на доцнење на аудиосигналот се замени со електронски интегрирани кола. Електронскиот уред за добивање на овој ефект на доцнење на сигналот беше доста сложен, а интегрираните кола кои се користеа за негова изработка беа застапени во поприлично голем број, беа скапи и тешко достапни на нашиов пазар. Но, како поминуваше времето технологијата за изработка на специјални интегрирани кола за оваа намена постигна брз развој, што овозможи на светскиот пазар да се најдат поголем број на интегрирани кола наменети за оваа намена, кои така да се рече можат да се најдат и да се набават по багателна цена. Но, како што е речиси секогаш случај, на нашиот пазар вакви најнови производи доцнат поголем временски период или воопшто нема да дојдат. По мое инсистирање за набавка на интегрираното коло - ехопроцесорот PT2399 (кое е едно од повеќето кола специјално наменети за оваа примена), по речиси една година желбата ми се исполни, односно во продавниците за електроника пристигна ова коло. Тоа е тоа,… што ни останува, сега сè е во ред, сите компоненти кои се потребни за реализација на овој проект ги има комплетно на нашиот домашен пазар (за набавка во "Кит-комплет", прочитајте ги рекламите во ЕМИТЕР). Па, електроничари-ентузијасти, бидејќи првиот предуслов е исполнет, вториот услов е да имате волја да го прочитате текстов и добро да го проучите проектов, па потоа, ако имате желба да почнете со реализација, односно со изработка на ова "Електронско ехо".

Технички карактеристики:

Доцнење: 10 - 580ms;

Повторувања: 1 - бесконечно;

Изобличувања: <0,5%

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК423
ИК PT2399;
потенциометри 50k/lin. 25k/lin, 100k/lin

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.