Рубрика: Електроника
8-канално компјутерски управувано лајтшоу
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако често ви се случува да организирате забави во вашиот дом, а притоа како извор на музика го користите вашиот персонален сметач и WinAmp плеерот сигурно сте се обиделе гостите да ги импресионирате со визуализациите на WinAmp со "чудните" шари, линии, кругови кои "играат" по екранот од мониторот по ритамот од музиката. Овие ефекти оставиле поголем или помал впечаток кај вашите гости, но кога вашите "пајташи" ќе го видат ова вистинско 8-канално лајт-шоу со светилки (рефлектори) во боја со чија работа управува WinAmp плеерот е тогаш изненадувањето ќе биде она вистинското!!!

Денешниве персонални сметачи (компјутери) се толку усовршени, што без никакви проблеми можете да ги користите како извори на аудиосигнал, односно како замена за ДВД-плеер кој располага со предзасилувач со ton/volume контрола. Тие можат да се носат со поголем број извори на аудиосигнал, како што се ДВД, ЦД, МП3-плеери или други извори на аудиосигнал. Нивната предност е во тоа што со употреба на различни програми можете да вршите обработка на аудиосигналот: еквилизација по ваш вкус и слух или избор на готова еквилизација на музика за рок, поп, кантри изведба итн. Еден од најпознатите програми кој служи за оваа намена е WinAmp. Со помош на овој WinAmp плеер и со помош на квалитетен моќен аудиозасилувач со приклучени квалитетни звучници на неговиот излез (може да биде некој од проектите на ЕМИТЕР), кој ќе го приклучите на аудиоизлезот од вашиот персонален компјутер, ќе имате можност да добиете одлична аудиолинија која ќе ви притекне напомош секогаш кога сте расположени или имате повод да приредите забава за вашите пријателки и пријатели. Не е потребно многу да нагласувам дека за неколку недели е и најлудата и највеселата ноќ во годината – за да биде "навистина" најлуда и највесела потребна е соодветна аудиоопрема, атмосфера и добро весело друштво. Кон сето ова, голем придонес ќе даде и ова 8-канално лајт-шоу кое целосно е разработено во овој проект.

Технички карактеристики:

Управувачки софтвер: WinAmp + DiscoLitez2.1 излезна моќност (на секој канал): 100W (без ладилници) и >200W (со ладилници)

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК349
Оптокаплери MOS3042
Тријаци BTA08-600D
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

Проектот изработен од нашиот читател Марјан Ѓаковски

Проектот изработен од нашиот читател Марјан Ѓаковски

8-канално компјутерски управувано лајтшоу изработено од нашиот читател Марјан Ѓаковски

8-канално компјутерски управувано лајтшоу изработено од нашиот читател Марјан Ѓаковски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.