Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Диференцијални засилувачи
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Диференцијалните засилувачи играат значителна улога во серијата засилувачи според своите специфичности кога се работи за засилување на мерни или аудио/видеосигнали со мали вредности од редот на миливолти. Нивната главна карактеристика е да ги елиминираат несаканите пречки со форма на асиметрични сигнали, кои можат да ги направат корисните (симетрични) сигнали неупотребливи.

Симетрични сигнали имаме во кабел составен од два спроводника со заедничи оклоп кои се пренесуваат од изворот на сигнал кон засилувачот. Гледано во однос на масата тие се во противфаза. Во кабелот за поврзување постои можност да навлезат надворешни, несакани сигнали на пречки, кои ќе предизвикаат грешки во измерените резултати во процесот на мерењето, ако станува збор за мерен засилувач и инструмент, односно пречки (шумови, крчења) во сигналот, ако станува збор за аудио/видеозасилувач. Пречките, како резултат на електромагнетна интерференција, доаѓаат од радиопредаватели,од локалните осцилатори на радиоприемниците, од компјутерски уреди, како електричен шум, од атмосферски празнења и од други можни предизвикувачи. Можност за отстранување на такви сигнали на пречки дава диференцијалниот засилувач со својата специфична конфигурација. Тој има два влеза и два излеза, односно тој е формиран од два идентични и симетрични засилувачки степени Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.