Рубрика: Електроника
Дигитален фреквенцметар со нумеричка обработка (2)
Автор: Стефан Мажиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој дигитален фреквенцметар овозможува мерење на фреквенција до 1MHz и временски интервали од 0,1s до 30h. Мерниот опсег се бира автоматски или рачно, а може да се одбере и еден од трите алгоритми за пресметување на резултатот. Во кој било момент на мерењето, можен е преглед на последните 16 резултати. Во првиот дел од овој напис го разгледавме концептот на уредот и ги презентиравме употребените софтверски решенија, а во ова продолжение ќе се задржиме на реализацијата на хардверот и тестирањето на изградениот уред.

Кај секој проект што вклучува микроконтролер во својот дизајн, се претпочита што поскромен хардвер. Ова по правило, доведува до посложен софтвер, што во општ случај е подобро решение. Спомнатото правило е применто и во конструкцијата на овој дигитален фрек-венцметар.

Исправки и дополнувања:
Дигитален фреквенцметар

Дигиталниот фреквенцметар претставен во “Емитер” 11-12/2014 и 1-2/2015 претставува резултат на двегодишна непрекината работа при што е извршен комплетен редизајн на претходно реализираниот дигитален фреквенцметар и колото за обработка на сигналот. Знаењето стекнато низ практичното искуство помогна во идентификацијата на можностите за унапредување на хардверот и софтверот. Ова овозможи уште во најраната фаза на дизајнирањето, сите основни функции да се реализираат на добра концептуална основа со употреба на доверливи алгоритми и проверени хардверски решенија. На овој начин се отвори простор за разгледување на хардверските карактеристики на прототипот, кои во понатамошната работа би ја обележале насоката за развој на прототипот кон својата крајна форма.
Најпрво е воочена потребата за модуларен пристап, кој би овозможил употреба на помошен хардвер со различни карактеристики, оптимизиран за специфични работни услови. Од таа причина, колото за обработка на сигналот и плочката со напојување не се фиксно поврзани со главната плоча, туку преку соодветни конектори (pin header).
Со идеја да се придонесе за едноставноста на дизајнот и оптимално искористување на просторот на тест-плочата, кондензаторите за раздвојување (decoupling) на изводите за напојување се сместени под подножјето на интегрираните кола, а LED индикацијата под подножјето на микроконтролерот.
Со ревизија е утврдено дека се направени одредени отстапки меѓу реализираниот прототип и конечната верзија на документацијата:
- Базата на транзисторот T1 дополнително е поврзана на маса, преку отпорник со вредност од 10K
- Звучната индикација е преместена од изводот (пинот) RA6 на изводот RB2 на микроконтролерот.
- Отпорникот R7, на влезот на аналогниот мултиплексер, по грешка е означен со вредност од 100K. Употребената вредност е 10K.
- За раздвојување (decoupling) на напојувањето на колото за обработка на сигналот се употребени тантал кондензатори (C4, C5, C6, C7).
Стефан Мажиќ


Технички карактеристики:

Мерење фреквенција: 0,001Hz ... 1MHz Мерење временски интервали: 0,1s ... 30h Мерење однос сигнал-пауза: 0,1Hz ... 100kHz Средна апсолутна грешка: 0,01Hz max Средна релативна грешка: 20ppm max

 
Главни елементи и материјали:

Микроконтролер: PIC18F4520-E/P ИК: TL084, LM393, 74HC4053N; TL499, LF50, ICL7660 LCD дисплеј: 2x16 карактери DEM16217

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Поглед на срцето на дигиталниот фреквенцметар

Фреквенцметарот е изработен на три универзални плочки

Фреквенцметарот е изработен на три универзални плочки

Дисплејот на дигиталниот фреквенцметар


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.