Рубрика: Информатика
Android 5
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11-12/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Долгоочекуваната петта итерација на мобилниот оперативен систем Android конечно се појави. На задоволство на милионските фанови, но и за инает на злобниците кои му предвидуваа крај на симпатичното "дроидче".

Навикнати барем еднаш годишно да излегува нова верзија на оперативниот систем Android, тригодишната пауза од првата “четворка”, па до петтата верзија беше во најмала рака – неочекувана. Иако во меѓувреме освежувана (како ниту една верзија досега :) ), дотерувана и дооптимизирана до максимум, сепак долгиот временски период од појавата на првата четворка успеа да подгрее одредени сомнежи дека Android го достигна својот зенит. Сепак, вистината е далеку од тоа. Развојот на хардверските платформи за смартфоните во последните неколку години бележи таков рапиден раст, што изработката на сосема нова андроид-верзија никако не можеше да биде едноставна работа. Двојадрени, четиријадрени, во последно време веќе и осумјадрени процесори, па “срамежлив” преод на 64 битна архитектура (која допрва ќе се развива), сè поголемите 3D графички можности, репродукција на HD видеоматеријали “како од шега”, поддршка за 4k-видеоформатот (можеме да набројуваме до бескрај)… сето тоа беше проследувано и придружувано со соодветни оптимизации во вид на Android 4, 4.0.4, 4.1 и т.н. А тука е и вистинскиот БУМ на таблет-системите. Причините за тригодишното доцнење треба да се бараат токму тука. Тоа што е битно е дека злобниците се замолчени со петтата итерација, која носи и сосема нов пристап во поглед на корисничкото мени, покрај мноштвото нови функции. Доволно за новата верзија, наречена “Лижавче” (Lollipop) да ја прогласиме за револуционерна.

Клучни зборови:

Конечно од работилницата за слатки на Гугл пристигна и Андроид 5

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.