Рубрика: Астрономија и астронаутика
9 милијарди планети со услови за живот во Млечниот пат (3)
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11-12/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходниот напис од оваа серија видовме дека Земјата не е единствената планета со услови за живот во нашата галаксија, а во контекст на живот надвор од Земјата, во овој напис ќе осознаеме дека Земјата не е единствената планета со услови за живот ниту во Сончевиот систем, туку во подалечното минато Марс била втората планета со идеални услови за живот! Ова сознание е резултат благодарение на мисијата "Curiosity", којашто е тема на овој напис.

Со векови луѓето нагаѓаа дали на планетата Марс има живот, со оглед на неговата близина и на неговата сличност со Земјата, меѓутоа интензивни научни истражувања за условите за живот на Марс беа направени воглавно во минатата деценија. По откривањето на пластови од глина на површината на Марс, од страна на орбитерите Mars Express и Mars Reconnaissance Orbiter (орбитер за извидување на Марс), интересот за истражување на Марсовата геологија се зголемил. Со оглед на тоа што глината не можела да се формира без течна вода, на површината на Марс во минатото морало да постои течна вода, основниот услов за живот. Во најново време дојде многу амбициозната програма на НАСА, Mars Science Laboratory (Научна лабораторија Марс), во склоп на која беше испратено летало, што на Марс го спушти робот-роверот, т.н. “Curiosity" (“Љубопитство”).

Клучни зборови:

Инструментите на роверот ги идентификуваат елементите во состав на метата во потрага по органски материи

Терен којшто потсетува на прастаро речно корито

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.