Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11-12/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Првиот лет на вселенскиот брод "Орион"; "Бубачките" на Андроид 5; Мултиформатен видеосвичер Roland V-800HD; Интел и Стивен Хокинг ја демонстрираа новата комуникациска платформа; Привршува конкурсот за "Најдобар млад научник за 2014 г."; За малите-големи архитекти; Семинар за изградба на јавни кабелски електронски комуникациски мрежи; Cambridge Audio One; ДНК спроведува електрична струја; Универзумот ќе заврши; Како празен простор?; Конечно, FULL 4K и кај мониторите; Бошовиот комбиниран дисплеј; Поместување предмети; Со ласерски зраци!; Претставен е Aston Martin DB9; Аирлија 6 TB!; Апликација LokLok

Поместување предмети со ласерски зраци!

О.К., можеби сè уште сме далеку од употребата на зраци налик на невидливата сила што го влече Милениумскиот сокол кон Ѕвездата на смртта во “Војна на ѕвездите”. Но, во меѓувреме физичарите развија еден вид минијатурна верзија на ваков зрак за влечење со којшто може да се поместуваат мали честички.

Со употреба на новиот влечен зрак, којшто во основа е ласерски зрак, научниците успеале да поместат стаклени честички на растојание од околу 20-ина сантиметри, што е 100 пати по-далеку од кој било претходен експеримент од овој тип направен досега. За време на експериментот, научниците употребиле ласер со којшто проектирале светлински зрак во форма на ѓеврек со топол надворешен прстен и студен центар. Тие го употребиле зракот за вшмукување мали стаклени сфери со пречник од околу 0,2 милиметри. Притоа тие употребиле сосема нова техника на влечење.

Досегашните влечни зраци за поместување на масата го користеа моментумот на светлинските честички од ласерскиот зрак. Притоа, моментумот од светлинските честички “испукани” од ласерот се пренесува врз објектот којшто треба да се придвижи. Но, ваквата техника функционира единствено во услови на вакуум, кадешто нема други слободно-лебдечки честички. Новата техника ја искористува топлинската енергија на ласерскиот зрак.

За време на експериментот, топлината од ласерскиот зрак го загрева воздухот околу малите сфери. Сферите апсорбираат дел од топлината, сè дури на нивната површина не се појават жаришта. Честичките од воздухот што наидуваат на овие жаришта се одбиваат од нив и притоа ги туркаат сферичните честички во спротивната насока. Трикот се состои во тоа задната страна од сферата да биде потопла од предната. Во овие услови молекулите од околниот гас реагираат со жариштата од површината на задниот дел од сферата и ја туркаат спроти свет-линскиот тек.

Физичарите можеле да манипулираат со честичките преку контролирање на местото на формирање на жариштата. Ова значи дека честичките не само што може да се привлекуваат со помош на зракот, туку тие може и да се туркаат, па дури и да се задржат во воздух доколку се направи подеднаква распределба на жариштата на површината од сферите. Научниот тим од Австралискиот национален универзитет посочува дека оваа техника би можела да се примени за контрола на загадувањето на воздухот, на пример, за извлекување на отровните честички. Но, приспособувањето на техниката за употреба на поголеми растојанија, од 10 до 20 метри, засега е проблематично.

Истражувањето беше објавено во октомври, во списанието Nature Photonics.

Н. Стојановска

Дали научната фантастика ќе стане реалност?

Научниците коишто работат на влечниот зрак

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11-12/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.