Рубрика: Макетарство и моделарство
Празник на воздухопловното моделарство
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Да се организира моделарски натпревар од светски ранг е подвиг, а два вакви настани во два дена, би рекле сите – невозможно. Но, токму тоа и се случи , на 27-ми и 28-ми септември се одржаа два македонски натпревари од Светскиот куп, "Прилеп КУП – трофеј на Прилеп" и "Светски куп Македонија". Натпреварите се одржаа во организација на здружението за воздухопловни спортови – Прилеп, со подршка од Воздухопловната федерација на Македонија и под покровителство на градоначалникот на град Прилеп, г. Марјан Ристевски. Во овој напис ви пренесуваме дел од атмосферата и збиднувањата на спортскиот аеродром крај Прилеп кадешто се одржаа натпреварите во воздухопловно моделарство, категорија Ф1А, Ф1Б, Ф1Ц, Ф1Х и Ф1К за јуниори и сениори.

Оваа година, на ова првенство од светски ранг зедоа учество натпреварувачи од Финска,Чешка, Русија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција и од земјата домаќин, Македонија. Учествуваа вкупно 60 натпреварувачи и ист број мерачи на време, директорот на натпреварот г. Здравко Тодоровски, делегат и меѓународно жири од 3 члена.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.