Рубрика: Медицина
Електрична стимулација на мозокот
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Поради големиот интерес за проектот "Електронскиот мозочен стимулатор", обработен во минатиот број, се јави потреба за ваков напис. Имено, повеќе читатели ни се јавија со барање за повеќе информации врзани со темата, особено за научните сознанија на ова поле. Затоа, во овој напис ќе ви презентираме краток осврт кон зачетоците на електричната стимулација на мозокот, нејзината примена во современата медицина, како и нови трендови коишто би нашле примена во наредните децении.

Првите конзистентни проучувања на влијанието на електрицитетот врз нервниот систем се спроведени од италијанскиот лекар, физичар и филозоф Луиџи Галвани (Luigi Galvani, 1737-1798), кој открил дека мускулите од мртва жаба се грчат под дејство на електрична струја. Во своите трудови, тој овој феномен го поврзува со постоењето на “животинска струја” за да ја дефинира силата што ги активира мускулите. Па, заедно со дел од своите современици, смета дека овој “електричен флуид” е основа на тајната на животот. Со тоа, директно ја инспирира англиската писателка Мари Шели (Mary Shelley, 1797-1851) да го создаде ликот на Франкенштајн. Бројните истражувања на полето на електричната стимулација на мозокот кои следат во наредниот период, па сè до денес, издвоија 5 вида терапевтски апликации користени во современата медицина, а тоа се: електрична стимулација на черепот (Cranial Electrical Stimulation – CES), транскранијална стимулација со еднонасочна струја (tDCS - Transcranial direct current stimulation), длабока мозочна стимулација (DBS - Deep brain stimulation), реконструктивна електрична стимулација (FES - Functional electrical stimulation) и електроконвулзивна терапија (ECT - Electroconvulsive therapy). Во текстот што следува ќе го презентираме накратко развојот на електричната стимулација на мозокот, нејзината примена во современата медицина, како и нови трендови коишто би нашле примена во наредните децении.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.