Рубрика: Електроника
Повеќебојна светлечка ѕвезда
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис ви предлагаме самоградба на атрактивна светлечка ѕвезда, која емитува временски променливо шаренило од спектрални бои, и на тој начин придонесува за развеселување на атмосферата при разни семејни свечености, што е особено актуелно во периодот на новогодишните празници. Проектот е толку едноставен што е погоден за реализација од страна на почетниците во електрониката.

Постојаниот технолошки напредок во развојот на електролуминисцентните (светлечки) диоди, попознати како LED (Light Emitting Diode), во најново време доведе до појава на една нова генерација LED диоди, т.н. “мултиколорни LED диоди”, кои за разлика од “класичните” еднобојни LED диоди, имаат својство сами од себе постојано циклусно да ја менуваат бојата на светлината којашто тие ја емитуваат, поминувајќи така преку комплетниот спектар бои од видливото светлинско подрачје! Во продажба се познати под ознаката 2-pins RGB LED. Таа нивна особина, нам ни овозможува екстремно едноставна конструкција на разни рекламни повеќебојни светлечки склопови, меѓу кои е и атрактивната “повеќебојна светлечка ѕвезда”, којашто ви ја предлагаме за самоградба, како објект којшто придонесува за развеселување на атмосферата при разни семејни свечености, особено актуелно во периодот на новогодишните празници.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1423
Мултиколорни LED диоди (2pins RGB LED)
 
Повеќебојната светлечка ѕвезда во акција
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.