Рубрика: Хемија
Детекција на метанол во алкохолни пијалаци
Автор: Александар Кондински
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Подготвувањето домашна ракија е една традиционална карактеристика на нашето поднебје. Но во последните неколку години, најверојатно поради отсуството на контрола на квалитетот на домашните ракии, случаите на труења со метанол се чести. Ваквата појава моментално создава загриженост кај производителите и консумерите на домашна ракија. На прашање на читател на ЕМИТЕР, во овој текст ќе се обидам да откријам кое е дозволеното количество на метанол во алкохолните пијалаци, методите за детекција на метанолот, како и за нивна евтина и благовремена контрола од страна на производителите и консумерите.

Честопати присутноста на метанолот (CH3OH) во алкохолните пијалаци е причина за труења со смртни последици. Откако е внесен, метанолот во човечкото тело оксидира до формалин (H2CO), што е многу отровна супстанција. Во 2012 година четириесетина луѓе починаа како последица на труење со метанол за време на прослава во чешкиот град Брно. Оваа несреќа доведе до построга контрола на квалитетот на тешките пија-лаци во Чешка, но и пошироко низ Европа. Формирањето на метанол во алкохолните пијалаци е веќе добро познат проблем. Кога овошките ферментираат, покрај добиениот алкохол (етанол), се формира и метанол. При дестилација на ферментираните овошки, метанолот е дестилиран заедно со етанолот поради сличните физикохемиски својства. Тоа е причината зошто многу алкохолни пијалаци добиени од ферментација на овошки содржат метанол. Според стандардите на Европската Унија, дозволено е максимално количество од 10 g метанол во еден литар алкохол од одреден алко-холен пијалак. Ова е еднакво на 0,4 % (v/v) метанол во алкохолни пијалаци кои содржат 40% (v/v) алкохол. Дозволениот волуменски процент на метанол во одреден пијалак се зголемува со процентот на етанол во него. Ваквото варирање на границата е поврзано со “противот-ровните” својства на етанолот. Бидејќи двата алкохола имаат слични својства, високото количество на етанол помага при излачувањето на отровниот метанол од организмот. Па така, при труења со метанол, пациентите во клиниките честопати се случува да бидат третирани со раствор на етанол во овошен сок. Мали количества метанол во организмот на ниво на траги, не се сметаат за отровни, па тие се забележани во човечката крв и здив. Од друга страна, познати последици на труење со метанол се доготрајни нарушувања на здравјето, губење на видот или смрт. Предизвиците околу откривањето на количеството метанол во домашна ракија, заедно со некои практични совети, се претходно презентирани во ЕМИТЕР. Во оваа статија, ќе го продлабочиме погледот на овој предизвик со некои актуелни и потенцијални технологии за детекција и мерење на количеството метанол во алкохолни пијалаци.

Клучни зборови:

Тест-сет за метанол (лево) со негативен и позитивен тест (десно).

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.