Рубрика: Електроника
Регулатор за AC колекторски електромотор
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ЕМИТЕР веќе пишувавме за колото U2010B како наменско коло за регулација на моќост на AC мотор со тријак. За оваа пригода разработивме конкретна апликација со ова коло. Со изработката на овој склоп, ќе го добиете максимумот од тоа што може да го даде еден регулатор со тријак. Освен тоа, колото е многу флексибилно во однос на нагодувањето, така што ќе може да одговори на многу конкретни примени.

Во досегашните наши написи, во различни пригоди сме ги споредувале колекторските со асихроните елетромотори. Од тие споредби, генерално, може да заклучиме дека ниту едниот од нив нема апсолутна предност над другиот, туку дека во различни услови секој има свои предности и недостатоци. Една од главните предности на колекторските електромотори е евтината регулација на брзината на вртење. Брзината на вртење на еден колекторски електромотор може едноставно да се регулира со едно обично димер-коло, како оние за регулација на јачината на осветлувањето. Тое е и евтина, едноставна, но не толку добра регулација. Со употреба на колото U2010B, добиваме многу добра, евтина и сложена регулација. Но, оваа сложеност не се однесува на изработката на склопот, туку на функциите вклучени во ова наменско интегрирано коло. За ова коло опширно зборувавме во ЕМИТЕР 11/2007, и затоа сега нема да се повторуваме и повеќе ќе зборуваме за изработката и нагодувањето на склопот. Пред тоа ќе се осврнеме на карактеристиките на овој склоп не навлегувајќи во објаснувањето на принципот на работа.

Исправки и дополнувања:
Кондензатори со погрешна поларизација

На електричната шема и печатените плочки има неколку електролитски кондензатори коишто се нацртани со погрешна поларизација. Конкретно, треба да се направат следните корекции:
- на електричната шема (стр. 47, слика 1) кондензаторот C6 треба да биде обратно поставен;
- на ППК за верзија 1 (стр. 48, слика 2, лево) кондензаторите C7 и C6 треба да се постават обратно (плусот треба да оди на водот за N);
- на ППК за верзија 2 (стр. 48, слика 2, десно) кондензаторите C1, C7 и C6 треба да се постават обратно (плусот треба да оди на водот за N).
Спомнатите корекции беа воочени навреме и направени на прототипот (којшто успешно функционира) но, поради превид, во списанието сме ги поставиле првите верзии на цртежите. Имајте ги предвид овие корекции при градба на регулаторот.


Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1418
Печатена плочка: ППК1419
ИК: U2010B тријак: BTA08, BTA10 или сл.
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.