Рубрика: Хемија
Со имитација на биоматеријал до нови наноматеријали?
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со имитација на најтешкиот досега познат, биоматеријал би можело да се направат подобри соларни ќелии и батерии. Инспирацијата е добиена од забите на еден вид морски полжав познат под називот gumboot chiton (гумена чизма), со латинско име Cryptochiton stelleri. Оваа нова технологија би можела да доведе до поефективни соларни ќелии и батерии кои брзо се полнат, како и до создавање на наноматеријали отпорни на абење со специфична намена од облека до делови за возила и авиони.

Поттикнат од тешките и цврсти заби на морскиот полжав и извонредниот процес со кој тие се формираат, професорот David Kisailus на Универзитетот Риверсајд во Калифорнија работи на изградба на поевтин, поефикасен наноматеријал. Со зголемена контрола врз растот на нанокристали на ниски температури, неговото истражување би можело да ги подобри перформансите на соларните ќелии и литиум-јонските батерии, да овозможи производство на подобри материјали за возила и авиони, како и да помогне во развојот на материјали кои тешко се абат, а кои би можеле да се користат речиси за сè, од облека до специјализирани стоматолошки дупчалки.
Во текот на преку стотини милиони години, животот на Земјата развил извонредна палета од материјали и механизми; многу научници и инженери не се срамат да кажат дека нивните изуми се резултат на проучување на тие материјали и се еден вид плагијат или реплика (копија)!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.