Рубрика: Електроника
Школа за електроника: L293(D) – драјвер за мотори
Автор: Петар Чурлинов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сте посакале ли некогаш да управувате моторче што ќе може да се движи во двете насоки? Или можеби се прашувате на кој принцип можат да се управуваат количињата на батерии, на кои, како мали многу им се радувавме? Во овој напис ќе ве запознаам со едно интегрирано коло, чија функција е токму наменета за управување моторчиња што се користат во многу уреди со кои често се среќаваме.

Стандардна конфигурација за управување еднонасочни мотори претставува добро познатиот H-мост. Меѓутоа, за поедноставни апликации, каде што моќноста на моторот е многу мала, мостната конфигурација може во потполност да се замени со 16–пинското интегрирано коло – L293(D). Во про-должението на овој напис, најпрво накратко ќе ја објаснам стандардната постапка за двонасочно управување со мотори, односно познатата H-мостна структура, а потоа ќе се осврнам и на споменатото интегрирано коло.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.