Рубрика: Омнибус
Зошто има се повеќе метеоропати?
Автор: Ирена Кацеска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сонцето ве исцрпува, ветерот ве раздразнува, а дождот ве фрла во депресија. Ако временските промени имаат влијание на вашето расположение или здравје, тогаш вие сте метеоропат.

Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија. Приспособувањето на организмот на временските промени непрестајно трае 60 дена, меѓутоа температурните осцилации се толку високи, што се менуваат од ден во ден. Нашиот организам не може да ги следи сите чести, нагли временски промени, кои во последниве години се случуваат без период на премин од едно во друго годишно време. Дневните разлики во температурите понекогаш може да изнесуваат 15 или дури 20 степени Целзиусови. Пролетта и есента траат неколку дена или воопшто ги нема, па од зима директно влетуваме во лето и обратно. Наглите и брзи промени на температурата, зголемениот атмосферски притисок, зголемената влажност на воздухот, намалената количина на сончева светлина и ветерот имат големо влијание на здравјето, но и на расположението на луѓето.
Зошто има сè повеќе метеоропати и како да се справите со симптомите на метеоропатија прочитајте во текстот што следува.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.