Рубрика: Електроника
Едноставен алкотестер
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сте се запрашале ли во одредени ситуации, ако ве застане полиција и ве тера да "дувате", дали алкотестот ќе биде позитивен? Со изработка на предложениот едноставен алкотестер, на брз и ефикасен начин можете да добите точен одговор

Да не зборуваме за тоа дека не треба да се управува со возило во алкохолизирана состојба бидејќи причините се евидентни и добро познати. Затоа и казните за прекршување на ова правило се многу строги во многу земји, па и кај нас. Во Македонија, Законот за безбедност во сообраќајот е јасен и дециден: за управување со моторно возило при алколизираност од само 0,51 до 0,99 g/kg (промили), глобата е 250 евра, и се добива привремена забрана за управување со моторно возило во траење од 3 до 6 месеци. При поголеми дози, казните се поголеми. Дури, кај возачите "почетници", казните се уште построги: тие можат да добијат забрана за управување со моторно возило и при алколизираност од 0,10 до 0,50 g/kg. Од друга страна, поради немање можност за мерење на алкохолизираноста во домашни услови, создадени се разни митови како да се "прелаже" полицискиот алкотестер (во Законот за безбедност во сообраќајот дефиниран како: алкометар) и тој да покаже значително помала концентрација на алкохол во здивот. Така, едни препорачуваат да се држи бакарна паричка или алкална батерија во устата, други темелно миење на усната празнина со средство за плакнење на грлото, трети пак претпочитаат консумирање лук, кромид, паста за заби или ментол бомбони!?! Сите овие методи се покажуваат неуспешни, а како би можеле да бидат кога со паричка или батерија во уста би можело сè да ни се случи, па дури и да се отруеме, а не да го измамиме алкотестерот! А да не зборуваме за средствата за плакнење на устата, кои и самите содржат одреден процент на алкохол којшто сигурно би придонел покажувањето на алкотестерот да биде поголемо од вистинското! Овие "бапски" рецепти посочуваат само на едно: тотално непознавање на начинот на кој работат алкотестерите! Па ајде да видиме како работат алкотестерите, а потоа и да изработиме еден едноставен и евтин алкотестер.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1407
ИК: LM324N; сензор: HS135
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.