Рубрика: Електроника
Регулатор на температура (1)
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во практиката многу често се среќаваме со електронски апарати на кои им е потребно одведување на топлината што тие ја емитуваат. Но, постојат и обратни случаи, на пример, кај склоповите со кварцен осцилатор, кај кои од аспект на стабилност на фреквенцијата, нужно е претходно загревање на склопот над температурата на амбиентот, и потоа нејзино одржување на константно ниво. Од таму, регулаторите на температура имаат две различни верзии. Во овој напис ќе се задржиме на првата верзија, одведување на прекумерната топлина со вентилатор, а втората верзија ќе биде предмет на втор напис, кој ќе се најде во наредниот број на ЕМИТЕР.

Постојат многу електронски апаратури на кои треба да им се регулира работната температура. Ова е особено актуелно кај склоповите со микропроцесори, па за нивно стабилно функционирање нужно е топлинската дисипација да се одведува, за да не дојде до прегревање на системот. Меѓутоа, постојат и обратни случаи, каде што е нужно температурата претходно вештачки да се подигне нешто над температурата на амбиентот, и дури потоа таа да се одржува на истото ниво. Ова е особено актуелно кај кварцните осцилатори, бидејќи обезбедува висока стабилност на нивната фреквенција на осцилирање.
Во овој напис ви ја прикажеме верзијата за регулација на температурата на принцип на наизменично вклучување/исклучување на вентилатор за ладење, а во идниот број на ЕМИТЕР ќе објавиме напис и за втората верзија: подигнување и одржување на температурата на кварцен осцилатор, што обезбедува висока стабилност на фреквенцијата на осцилирање.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1406
Печатена плочка: ППК1406

ИК: ИК: LM311, LM335Z,
транзистор: IRF830

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.