Рубрика: Електроника
Netduino Plus 2
Автор: Перица Јакимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Микроконтролери, процесори, развојни плочки, embedded системи, 8051, PIC, AVR, ARM, Visual Studio, .NET, … ако овие зборови Ви привлекоа доволно внимание да ја читате оваа реченица тогаш Вие сте на вистинската страница, седнете удобно, исклучете се од околината и читајте го овој текст до крај - тој е напишан специјално за Вас.
Звучи како Arduino, изгледа како Arduino, а не е Arduino. Работи со .NET, а не е од Microsoft. Ако ги споите двете работи, името е јасно – Netduino! Да работите во MS Visual Studio (Cè), а да програмирате embedded – па нели ова е тоа што го баравте?

Netduino Plus 2 е мала електронска развојна плочка која претставува open-source платформа и користи .NET Micro Framework како софтверска подлога. Плочката поседува 32-битен ARM Cortex-M4 микроконтролер со брзина од 168MHz, програмска меморија од 384KB и RAM меморија поголема од 100KB. Како периферија се додадени модулот 10Mbps Ethernet и приклучокот за microSD картичка. Тоа е повеќе од доволно за која било напредна embedded апликација.
Netduino Plus 2 има широк опсег на апликации. Корисникот може да работи со мултимедијални апликации користејќи ги модулот за Ethernet и microSD меморијата, но и со комплексни електронски кола поврзувајќи ја плочката со останатата електроника преку нејзините влезно/излезни пинови. Ова вклучува контрола на релеи, мотори, конекција со многу типови сензори итн.
Програмирањето во .NET е "рај" за корисниците кои работеле и претходно на оваа платформа, но во сосема друг поглед, односно Windows или Web апликации, а сега сакаат да преминат на embedded варијанта. Нема учење нови јазици, нема учење на нова околина, прилагодувањето е премногу едноставно, а можностите бескрајни.
Во текстот што следува ќе биде даден делтален опис на развојната плочка Netduino Plus 2, како и пример за развој на вашата права апликација за него.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.