Рубрика: Електроника
Радиопредавател за 144MHz
Автор: Никола Петковиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Самоградба на радиопредавател, особено на ултракратки бранови е голем предизвик за секој електроничар. Пред 20-30 години овој предизвик беше уште потежок затоа што за некоја основна конструкција беа потребни повеќе транзистори и интегрирани кола, со неизбежните калеми меѓу нив. Благодарејќи на развојот на специјализирани интегрирани кола конструкцијата и самоградбата на радиопредавател денес е многу поедноставена, за што потврда е и овој проект. Тој се базира на ИК MC2833 од Motorola и е наменет за секој што сака да навлезе повеќе во радиотехниката и да стекне практични знаења и искуства од оваа област.

Двометарскиот фреквентен опсег е фреквенциското подрачје од 136 до 174 MHz. Ова фреквенциско подрачје е предвидено да се користи за радиотелефонска копнена комуникација, како за фиксни така и за мобилни примопредавателни радиостаници. Во него работат службите како што се армија, полиција, брза помош, такси, АМСМ и други. Ова фреквенциско подрачје, меѓу другите, го користат и радиоаматерите, за чија работа е предвиден фреквентниот опсег од 144 до 146 MHz.

Без разлика која служба го користи, за сите важат исти правила – норми. Ова е регулирано со меѓународни норми кои ги донесува Светската организација за телекомуникации (ITU). За придржување на овие нормативи кај нас се грижи Агенцијата за електронски комуникации. Како основни норми се:
1. Се користат радио примопредаватели со фиксна фреквенција (канали);
2. Растојанието помеѓу каналите е 25 kHz (во поново време поради презафатеноста на фреквентното подрачје, ова растојание за некои служби се намалува на 12,5 kHz);
3. Се користи теснопојасна ФМ модулација со максимално дозволена девијација од 5 kHz (за каналите од 12,5 kHz девијацијата е 3 kHz);
4. За репетиторска работа фреквенцијата на предавателот е за 4,5 MHz повисока од приемната фреквенција. Во радиоаматерскиот подопсег ова растојание е 600 kHz.
5. Максимална излезна моќност на предавателите е 10W, а само за посебни служби (од посебен интерес за државата) дозволена е моќност од 25W.

Проектот кој е тема на овој напис е современо решение кое се базира на интегрираното коло MC2833 од производството на Моторола. Ова коло е дизајнирано како комплетен фреквентно модулиран предавател со мала моќност. За да се добие поголема моќност додадени се два транзисторски ВФ засилувачи, па така предавателот има излезна моќност од околу 0,5 – 1W / 50Ω со што може да се постигне домет од неколку километри.

Технички карактеристики:

Фреквенција: 144,000 – 145,776 MHz
Макс. девијација: 5 KHz;
Изобличувања THD: 0,15%
Излезна моќност: 0,5 – 1W / 50Ω

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1401
ИК: MC2833;
Транзистори: BFJ75, 2SC741 (2N4427);
Кристал: 12,000 – 14,148MHz
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.