Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


LG гаџети за здрав живот;
Водата на Месечината потекнува од Земјата?;
Засилувач Roksan Kandy K2 BT;
Lacie Sphere екстерен хард диск;
Подводни "змејови" за производство на електрична енергија;
Невидлива камера што слика во темница;
30-годишен јубилеј на радиоаматерот Владимир Ковачески, Z35M;
Неверојатна постапка за регенерација на оштетена коска;
DDJ-WeGO2 ултрапреносен DJ микспулт;
Галаксија со облик на јато птици во лет;
Soloshot 2 – робот камера оператор;
Еден сосема поинаков таблет;
Наградени од конкурсот "Претставете ги Вашите конструкторски вештини";
Легендарниот "Космос" се враќа на малите екрани;
Соработка на Bang & Olufsen и Opera Software;
Windows 9

Водата на Месечината потекнува од Земјата?
Ова е заклучок на група геолози раководена од Алберто Саал (Alberto Saal), од Универзитетот Браун (Brown) во Провиденс (Providence), САД. Заклучокот е објавен во најновото издание на научното списание "Дискавер магазин" (Discover magazine), како една од 100-те топ-теми за 2013 год.
Да се потсетиме, според актуелното сценарио, Месечината настанала по еден страотен удар на "планетоид" со големина колку планетата Марс во Земјата, пред околу 4,5 милијарди години. Ударот ослободил топлинска енергија којашто растопила дел од материјата од Земјата и од "планетоидот", и исфрлил грамади од растопени карпи и метали во орбитата околу Земјата, каде што тие се соединиле за само неколку месеци, и така настанала Месечината. Високата температура од судирот не дава можност водата да влезе во составот на Месечината, туку несомнено, таа морала сосема да испари, па така, до пред извесно време Месечината се сметаше за целосно безводно тело.
Меѓутоа, Во 2011 год. со ултрапрецизна спектроскопска анализа на примероците од Месечевата магма, донесени на Земјата во мисиите Аполо 15 и Аполо 17, наведената група геолози од Универзитетот Браун утврдиле дека Месечевата магма содржи процентуално приближно исто количество вода, колку што содржи Земјината кора. Со тоа, се отвори прашањето "Од каде потекнува водата на Месечината?", а самото сценарио за нејзиното "огнено" раѓање беше доведено во сомнеж (види ЕМИТЕР 6/12: "Потеклото на Месечината сепак непознато?").
Потеклото на водата на Месечината беше наредниот предизвик на наведената група геолози од Универзитетот Браун, па во најново време, тие направиле додатна анализа на водата во примероците донесени од Месечината, така што го мереле односот помеѓу количеството водород (H) и на неговиот изотоп деутериумот (D) (водород со екстра неутрон) содржани во водата. Да објасниме, деутериумот поинаку се нарекува "тежок водород", а во молекула со кислородот (O) ја создава т.н. "тешка вода". Но, во извесен мал процент тој може да се содржи и во обичната вода, па мерејќи го и споредувајќи го неговиот процент со процентот во други води, може да се утврди дали тие имаат заедничко, или различно потекло.
Најновата анализа покажа дека деутериумот во водата кај Месечината е содржан со ист процентуален износ, како оној кај водата во океаните на Земјата. Според тоа, Алберто Саал, водачот на групата, резимира: "Најлогично објаснување е дека водата на Месечината потекнува од Земјата".
Ако е тоа така, очигледно, "огненото" раѓање на Месечината не го исклучува нејзиното снабдување со вода од Земјата при судирот!
Петар Лагудин

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.