Рубрика: Електроника
Детектор за електромагнетно зрачење
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Иако не може да се докаже дека зрачењето од електричните апарати и од електричната инсталација, кое продира во просторот на нашето живеалиште, е штетно по здравјето, сепак никој не може да потврди дека тоа не е штетно! Изворите на тоа зрачење не можеме да ги елиминираме, но со нивната точна локација можеме да го уредиме нашиот животен простор, па така да престојуваме во него колку е можно подалеку од нив. Во Емитер бр. 7-8/2010 ние објавивме напис за самоградба на детектор за "електромагнетен смог" со акустичка сигнализација, а во овој напис објавуваме сличен детектор, но со светлинска сигнализација, како повоочлива.

Околината во којашто живееме е преполнета со електромагнетни полиња, коишто не можеме да ги видиме или да ги насетиме, но, нивниот ефект во еден подолг временски период може да има штетно дејство врз нашиот организам. Не е можно изворите на тоа зрачење да ги елиминираме, но, нив можеме да ги идентификуваме со еден многу прост склоп – детектор за електромагнетно зрачење, кој овозможува тие полиња да ги детектираме преку светлинска сигнализација, и да го уредиме нашиот домашен животен простор, па така да престој колку што е можно подалеку од тие полиња, особено во спалната просторија и во салонот за дневен престој. Склопот е дизајниран како пренослив уред, па ние можеме со него да се движиме во станбениот простор или во деловниот простор каде што работиме, и така да ги идентификуваме местата со најмалку зрачење.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1326

Транзистори: BS170, BC547, BC557

 
Клучни зборови:

Изработете го овој детектор и проверете го електромагнетното загадување во својата средина


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.