Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Напонски стабилизатор TL431
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Напонската стабилизација е функција којашто има многу широка примена, па според тоа, и широка палета производи за таа цел, почнувајќи од наједноставните зенер диоди, до сложени конструкции со примена на микропроцесори. Значително место во таа палета има напонскиот стабилизатор TL431 поради едноставниот начин на примена, пристапен и за електроничари-почетници, но и поради можноста за нагодување на напон на неговиот излез.

Дали во вашите самоградби имате потреба од прецизен референтен напон со вредност што не е опфатена со некој од фабрички изработените дискретни стандардни стабилизатори?
Обидите со комбинирање батериски ќелии од типот оловна, никел-кадмиумска (NiCd), никел манган хидроксидна (NiMH), се ограничени со расположливиот простор за нивното сместување, но и со вредноста на напонот на нивните приклучоци. Неспорно е дека напонот на приклучоците на една таква батерија се менува во зависнот од состојбата на нивната испразнетост, струјата што ја даваат и од нивната внатрешна отпорност.
Друга можност за добивање стабилен напон е примена на напонски стабилизатори од типот 78xx (7805, 7812, 7824) со дополнителни елементи за регулација, но нивната стабилност се движи во границите од 10%.
Поставеното барање може да се реши со примена на општо познатиот дискретен напонски стабилизатор со напонска регулација TL431. Овој стабилизатор има опсег на регулација од 2,5V до 36V, со степен на стабилност на излезниот напон од 1%, но голем број производители ги подобруваат овие карактеристики, односно, ја симнуваат долната граница на опсегот на 1,25V.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1323
Печатена плочка: ППК1323

ИК: TL431, LM358

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.