Рубрика: Електроника
Што прават емитерџиите: Oд радија со ламби до роботи на Марс
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ви го претставуваме Илјас Илјази, дипломиран електроинженер и вљубеник во старите радија со ламби. Неговиот животен пат нека ви послужи како инспирација.

Благодатите на современото ниво на развој на техниката помладите генерации ги земаат здраво за готово, не сфаќајќи дека пред само 20-30 години многу работи ниту постоеле. А, ако и постоело нешто слично, тогаш тоа било тешко достапно и енормно скапо. Како тогаш се снаоѓале постарите генерации? Веројатно клучниот збор е ентузијазам, со кој постарите генерации очигледно располагале во изобилство, борејќи се со предизвиците. Многу новини во техниката на свој грб ги донесоа токму тие, визионерски гледајќи кон каде одат новите технологии и трасирајќи ги тие патишта за следните поколенија.

"Потекнувам од стара тетовска фамилија, предедо ми бил познат мартинџија (пушкар кој произведувал копии на англиските пушки Мартин), а поправал и машини за шиење и пумпи за вода, што за тоа време било high-tech. Во 1924 година, во Тетово се поставувал водовод, во тоа учествувал и дедо ми. Наскоро, во 1927 година на реката Пена се изградила првата хидроцентрала во Македонија, со Gantz турбина и генератори. Следната година се воведувало првото електрично улично осветлување во Тетово. Татко ми во 1938 година, уште како дете учествувал во електрификацијата на куќите во Тетово, а во 1939 год почнал да се занимава со радиоапарати. Денеска има 87 години и сѐ уште се интересира за техника. Често ми вели дека денеска имаме други можности, да ги имале овие можности со тогашниот ентузијазам, во тоа време и авиони би граделе.

Електрониката како семејна традиција: Веби Илјази, таткото на Илјас, во домашната работилница со сопствено изработениот уред за сервисирање на радиоапарати

Со поправка на радија почнав многу одамна, гледајќи го татко ми. Нему му беше тоа хоби, имаше мала работилница сместена во еден дел од дневната соба. Во 1955 година освои трета награда во Југославија за изработка на компактен комбиниран радиоуред, воедно и инструмент со ламби, кој се состоеше од сигнал-генератор, радио, сигнал-трасер, RLC метар, сѐ што му е потребно на еден сервисер за успешна и брза поправка на радија.

Кога бев во трето одделение, татко ми нацрта шема за радио-детектор и ми ја даде заедно со сите елементи потребни за изработка. Сам, без ничија помош го направив радио-детекторот. Уште го помнам триумфалниот момент кога во слушалките го слушнав гласот на Радио Скопје", – вели Илјази.

Целото интервју е може  да го проследите во изданието ЕМИТЕР 9/2013

Во серијалот статии под наслов “Што прават емитерџиите“ ги презентираме практичните градби и иновации на читателите на Емитер. На овој начин сакаме многубројните самоградители и нивните конструкции и иновации да излезат од домовите, подрумите, гаражите и дворовите, да се афирмираат пред пошироката јавност и да послужат како поттик за нови конструкторски дела, а што да не, и за комерцијални производи. Ваше е само да нè повикате, а наше е да ве посетиме и да ја подготвиме репортажата. Контактирајте нè на urednik@emiter.com.mk или на (02) 3115-111.

Клучни зборови:

Репарираниот TESLA 53C Radio Industrija Nikola Tesla којшто беше присутен на изложбата која ја организираше ФЕИТ во мај (види Е5/13)

Во тек е репарација на старинскиот радиоприемник Космај 49

Електрониката како семејна традиција: Веби Илјази, таткото на Илјас, во домашната работилница со сопствено изработениот уред за сервисирање на радиоапарати

Инструмент за мерење на моќност на мрежниот трифазен напон при што се земаат предвид и изобличувањата на обликот

Пасионираниот електроничар и емитерџија Илјас Илјази со претседателот д-р Ѓорѓе Иванов

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.