Рубрика: Електроника
Наједноставен ФM-радиоприемник
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Самоградбата на ФМ-радиоприемник за прием на УКБ радиодифузното подрачје претставува посебен предизвик за радиоаматерите-конструктори, особено ако станува збор за најпроста можна верзија на таков приемник. Токму таква, наједноставна постоечка конструкција на ФМ-радиоприемник, објавуваме во овој напис. Проектот опфаќа две верзии, првата се однесува на градба само на ФМ-тјунер, наменет за приклучување на постоечки излезен засилувач, а втората се однесува за градба на комплетен радиоприемник со репродукција на сопствен звучник.

За пренос на радиосигнали во фреквентниот опсег 88 MHz – 108 MHz (УКБ радиодифузно подрачје) се употребува т.н. фреквенциска модулација (ФМ). На скалите на радиоприемниците овој опсег е обележан со "FM", а приемниците што се способни него да го примаат се нарекуваат ФМ радиоприемници. Карактеристично за преносот со фреквенциска модулација е што таа овозможува пренос на речиси целата широчина на аудиоопсегот, т.е. од 40 до 15 kHz, што кај амплитудната модулација (АМ), која се користи за радиопреноси во други подрачја со пониски фреквенции (долги, средни и куси радиобранови), не е така! Имено, поради заштеда на фреквенцискиот простор во овие подрачја, според меѓународна конвенција е договорено растојанието помеѓу две соседни предавателски фреквенции да изнесува 9 KHz, што го ограничува преносот на аудиосигналите до само 4,5 kHz. Оваа широчина сепак е доволна за пренос на говорни информации, меѓутоа при пренос на музика, олку тесниот аудиоопсег го деградира квалитетот на репродукцијата, па ако зборуваме за квалитетна репродукција преку радиопренос, подразбираме пренос исклучиво на принцип на ФМ. Во минатите броеви на ЕМИТЕР објавивме повеќе проекти за самоградба на радиоприемници за различни радиобранови подрачја, меѓу кои и за ФМ-радиоподрачјето, меѓутоа во овој напис за првпат објавуваме проект за самоградба на наједноставен можен ФМ-радиоприемник, т.н. директен ФМ-радиоприемник, кој сметаме дека ќе претставува голем предизвик за радиоаматерите-конструктори. Проектот содржи две верзии, првата верзија се однесува на градба само на ФМ-тјунер (FM tuner), којшто се приклучува на влез во излезен засилувач, погодно за оние коишто веќе имаат изградено некој аудиозасилувач според многуте проекти објавени во ЕМИТЕР и сакаат да го дополнат со таков радиоприемник, додека втората верзија е комплетен ФМ-радиоприемник со репродукција на сопствен звучник.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1315
Печатена плочка: ППК1316
Транзистори: BF256, BC547;
Променлив кондензатор: 25pF
ИК: TDA2040
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.