Рубрика: Електроника
Синусен сигнал-инјектор
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Покрај лемило, мултиметар и стабилизиран извор со регулација на напонот, секој електроничар треба да поседува барем уште сигнал-трасер и сигнал-инјектор. За трасерот пишувавме и презентиравме проект во мартовскиот број, а во овој напис тема е сигнал-инјекторот, но не оној што најчесто се сретнува (со правоаголен сигнал), туку со синусен сигнал кој е најпогоден за испитување аудиоуреди.

Сигнал-инјекторот е всушност едноставен осцилатор кој има можност за нагодување на амплитудата на излезниот сигнал. Се користи при испитување и поправка на разни електронски уреди, пред сè од областа на аудиотехниката. Затоа најчесто сигнал-инјекторот е предвиден да создава сигнал со фреквенција од 400 Hz или 1 kHz, бидејќи со тие фреквенции вообичаено се испитуваат аудиоуредите. Поквалитетните сигнал-инјектори можат да дадат сигнал со неколку различни фреквенции (на пр. 100 Hz, 1 kHz и 10 kHz) кои можат да се изберат со посебен преклопник. Во однос на обликот на сигналот, сигнал-инјекторот може да биде за правоаголен или за синусен сигнал.
Во практиката, најчесто се изработуваат и се користат сигнал-инјектори кои даваат правоаголен сигнал. Има две главни причини за ова: таквите осцилатори многу полесно се изработуваат, а правоаголниот сигнал со богатата содржина на виши хармоници овозможува со истиот сигнал да се тестираат и радиоуреди. Ваквите сигнал-инјектори најчесто се базираат на астабилен мултивибратор изработен со 2 транзистора, со ИК 555, со операциски засилувач (ОЗ) или со логички порти (дигитални ИК). Кај нив условот за настанување на осцилациите многу лесно се постигнува, па затоа проработуваат "од прва", без потреба од нагодување.
Иако синусниот сигнал е многу попогоден за тестирање аудиоуреди, сепак сигнал-инјектори кои даваат синусен сигнал многу поретко се сретнуваат. Причина за ова е што условот за настанување на осцилациите треба прецизно да се нагоди, поради што уредот често не проработува "од прва", а за негово нагодување потребни се соодветни инструменти, знаења и вештини. И покрај овие ограничувања и можни проблеми, ние сепак се одлучивме во овој напис да прикажеме конструкција на синусен сигнал инјектор, но не тревожете се – нашиот синусен сигнал инјектор проработува "од прва" и лесно се нагодува. Затоа, проследете го овој напис и изработете го овој неопходен инструмент.
Сигнал-инјекторот е едноставен инструмент, кој заедно со сигнал-трасерот овозможува брзо и лесно лоцирање на дефектите во аудиоуредите. Без нив поправката на аудиоуредите би се изведувала со вадење и испитување на сите елементи по ред, а тоа е макотрпен и долготраен процес. Ако сакате да станете вистински мајстор-електроничар, тогаш сигнал-инјекторот ви е навистина неопходен инструмент – затоа не двоумете се и изработете го!

Технички карактеристики:

Облик на сигналот: синус
Фреквенција: 800 Hz (измерено)
Максимална амплитуда: 3 Veff

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1314

Транзистори: BC547
Потенциометар: 1k/log

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.