Рубрика: Аудио и видеотехника
GoPro HERO3: Black Edition Action Camera
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Малата камера GoPro HERO3 е наменета за професионалци-почетници од помладите генерации. Според познавачите на овој тип опрема, во моментов е без конкуренција поради цената и перформансите. Притоа има убав, футуристички дизајн, малата кутија во која е сместена електрониката е проѕирна и се гледа целата содржина на камерата. Наменета е пред сè за спортски и авантуристички настани но може да се употреби и за снимање прослава во домашен амбиент.

GoPro HERO3: Black Edition е наменета за секој што сака и има намера да создава видеозаписи од разни ситуации и случувања во многу разновидни апликации. Камерата е неверојатно лесна за работа, компактна е и можете да ја носите секогаш и секаде со себе. Во споредба со претходните модели White и Silver HERO3, Black Edition е модел со врвни карактеристики и е голем чекор нанапред во однос на моделот HD HERO2, за кој имаше напис во еден од поранешните броеви на ЕМИТЕР.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.