Рубрика: Информатика
Intel Xeon Phi
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Intel Xeon Phi претставува кулминација на долгогодишните истражувања и соработка со истакнати компании. Најновиот копроцесор на Интел, кој на пазарот ќе се појави во почетокот на 2013 година, ќе донесе драстично зголемување на процесирачката моќ и поголеми можности на истражувачките центри за податоци, кои спроведуваат истражувања и симулации во сите витални сфери.

Новиот Интелов копроцесор Xeon Phi, кој од самиот почеток на наредната година ќе се вградува во центрите за податоци, ќе придонесе за осетно зголемена прецизност и моќност во изнаоѓањето точни одговори, решенија и за поголема точност во симулациите и предвидувањата во голем број научни и технички дисциплини. Способноста за брзо процесирање (High Performance Computing) е од есенцијално значење за глобалните деловни и истражувачки приоритети како на пример, временска прогноза, генетички истражувања, медицина, експлоатација на енергенси, финансиски анализи, архитектурни проекти, изработка на дигитални содржини и слично. Во услови кога новите Xeon Phi копроцесори преземаат поголем дел од HPC со цел да им се помогне на супекомпјутерските системи во истражувачките проекти во горенаведените научни и технички дисциплини, во Интел веруваат дека до 2018-та година ќе успеат да го достигнат т.н. "екса ниво" на процесирање, односно илјадакратно зголемување на способностите за процесирање во однос на "пета нивото".
За почеток, Intel нуди два модела, засновани на повеќејадрена архитектура Intel MIC (Intel Many Integrated Core) – Xeon Phi 3100 и 5110P. Да ѕирнеме накратко во нивната внатрешност.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.