Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Слоеви од црвени карпи во поларната капа на Марс;
Ветерници безопасни за птици;
Блиску до колевката на ѕвездите;
Ден на иновации во организација на МАСИТ;
Трибина против загаденоста на воздухот;
Најдобриот млад научник за 2011 пред студентите од техничките науки;
Полната месечина во две изданија;
Неуништлива мемориска картичка;
Егзопланета во квартарен ѕвезден систем;
Соларни панели направени од трева;
Природен извор на ел. енергија би можел да напојува слушни апарати;
125-те години страст и ефикасност на Yamaha;
Создадена универзална мапа на визуелното во човечкиот мозок;
Земјолика планета во системот на Тау Цети?;
Нашиот соработник Петар Николовски ги коригира ИСО-стандардите за топлински мостови;
Најстудените делови на Земјата најдобри за собирање сончева енергија;
MasterCard чувствителна на допир;
Привршува конкурсот за "Најдобар млад научник за 2012 г.";
Видеоигра - терапија за мозочен удар;
Модуларен монитор од Marshall;
Инаугурација на најнова станица на ЕСА за следење вселенски мисии

Нашиот соработник Петар Николовски ги коригира ISO-стандардите за топлински мостови
Техничкиот комитет 163 "Топлински карактеристики и употреба на енергија во изградена средина" (Technical Committee ISO/TC 163 "Thermal performance and energy use in the built environment") при Меѓународната организација за стандардизација – ИСО (The International Organization for Standardization - ISO) ја одржа својата 23. годишна пленарна седница од 3 до 7 септември о.г. во францускиот град Ла Рошел, на брегот на Атлантскиот Океан. Во рамките на работните сесии на трите поткомитети и работните групи, во поткомитетот 2 – "Пресметковни методи" (ISO/TC 163/Subcommittee SC 2 - "Calculation methods"), во работната група 9 – "Пресметка на пренос на топлина" (ISO/TC 163/SC 2/Work Group 9 "Calculation of heat transmission"), активно учествуваше и нашиот соработник д-р Петар Николовски. Како долгогодишен претседател на Техничкиот комитет 8 при Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ/ТК 8 "Топлински карактеристики на згради и градежни компоненти"), минатата година тој испрати до ISO/TC 163/SC 2/WG 9 свои забелешки на стандардот ISO 14683:2007 - Thermal bridges in building construction - Linear thermal transmittance - Simplified methods and default values, кој е усвоен и како македонски стандард (МКС EN ISO 14683:2009 - Топлински мостови во градежни конструкции - Коефициент на линеарно пренесување топлина - Упростени методи и вообичаени вредности). За потсетување, во 2008 год. Николовски ја одбрани докторската дисертација пред Вишата атестациска комисија при бугарската Академија на науки во Софија, токму од областа топлински мостови (наслов на дисертацијата е "Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони").
Покрај грешките во графичките прилози, забелешките на стандардот главно се однесуваа на неточно пресметаните вредности на коефициентите на линеарно пренесување на топлината (ψ), дадени за околу 40 топлински мостови во Анекс А во стандардот. Со оглед на комплицираните пресметки на вредностите ψ, во многу земји од ЕУ (Бугарија, Словенија, Романија) и земји кандидати за влез во ЕУ (Хрватска, Србија, Македонија) во Правилниците за енергетски пресметки на згради, дозволена е употреба на веќе пресметаните вредности во стандардот.
Во текот на работата на работната група 9, Николовски ги презентираше своите аргументи и математичките пресметки, главно во дијалог со претседателот на групата, англичанецот Брајан Андерсон (Brian Anderson), на фотографијата прв од лево.
Во завршната Резолуција од седницата во Ла Рошел стои дека со гласање (16 гласа за, ниеден негативен и ниеден воздржан) работната група 9 ќе подготви коригендум на стандардот ISO 14683:2007.
Со оглед на тоа што Европскиот комитет за стандардизација CEN (според Виенскиот договор) ги усвојува како европски сите ИСО-стандарди (и обратно), корекциите во ISO 14683:2007 ќе се однесуваат и на EN ISO 14683:2007.
Слободан Таневски

Исправки и дополнувања:
"Атестациска" а не "атлетска" комисија!

Во кратката вест со наслов "Нашиот соработник Петар Николовски ги коригира ISO-стандардите за топлински мостови", објавена на стр. 10 во Емитер 12/2012, поради техничка грешка при внесувањето на лекторските корекции, зборот "атестациона" наместо со зборот "атестациска" е заменет со зборот "атлетска", со што реченицата губи смисол и личи на виц :-). Точната реченица гласи: "... во 2008 год. Николовски ја одбрани докторската дисертација пред Вишата атестациска комисија при бугарската Академија на науки во Софија, токму од областа топлински мостови...".


ISO Технички комитет 163, поткомитет 2, работна група 9 (Николовски е четвти од лево)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.