Рубрика: Електроника
Едноставен контролор на ниво на течности во резервоари
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако имате викендичка со нередовно водоснабдување, можеби добро би било да го конструирате овој едноставен, евтин и лесно приспособлив контролор кој ќе го надгледува и ќе го регулира нивото на резервоарот и ќе ја вклучува електричната водна пумпа (или електричниот доводен вентил) по потреба. Уште повеќе, доколку доводот на вода се прекине, тој ќе ја исклучи пумпата за таа да не "врти во празно".

Реализации со популарното ИК NE555 има безброј. Навистина, од неговото прво појавување на пазарот, пред повеќе од 40 години, тоа е едно од најпопураните ИК на модерната електроника и до денешен денес се произведува во околу милијарда примероци годишно. Тоа го прави едно од најевтините ИК на пазарот, па затоа најчесто се користи во аматерски апликации, односно во хоби електрониката.

Токму од истата причина, NE555 многу поретко се користи во апликации за професионална намена. Безпричински инженери и проектанти како засрамени бегаат од овој производ и често проектираат професионални и индустриски електронски уреди со инфериорни технички карактеристики само за да не се користи евтиниот NE555! За мене, тоа е причина повеќе да ви ја претставам оваа извонредна апликација, и тоа користен е ИК од најниската комерцијална класа (NE555N) со гарантирани технички карактеристики во опсегот од само 0 до 70°C. Веднаш злобните професионалци би ми забележиле дека тоа не се карактеристики што би обезбедиле професионална примена, без воопшто да размислат дека на 0°C попрво ќе "пукне" илјадапати поскапата водна пумпа, отколку да откаже контролорот!

Контролорот ќе ја вклучува пумпата (вентилот) кога нивото во резервоарот ќе биде под одредено ниво и неа ќе ја исклучува доколку се достигне некое максимално ниво. Уредот исто така ќе ја исклучи пумпата ако таа “врти во празно“ повеќе од 5 секунди, односно кога пумпата е активирана, а нема довод на вода во резервоарот. Со ова ефикасно се штити пумпата од прегревање и можно прегорување.

Ова е навистина едноставен и евтин уред. Но иако евтина, оваа електроника работи навистина прецизно и доверливо. И, ако прецизно и квалитетно го извршите ожичувањето, ќе добиете навистина квалитетен систем што ќе ви служи повеќе децении.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1230
ИК: NE555, 7812;
Транзистори: BC547B, BC337;
Релеј: TRM30 (12V)
 
Клучни зборови:

Овој контролор на ниво на течности е мал но со големи можности

Упростен приказ на системот со распоред на сондите во резервоарот


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.