Рубрика: Автомобилска техника
Made in Macedonia: Првиот македонски картинг - ТоГи 2
Автори: Томе Скендеровски, Гиго Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Првиот македонски картинг ТоГи 2 е произведен во Охрид во 2005 година од браќата Томе и Григор Скендеровски во фирмата "СИМКО" во нивна сопственост. По претходно изработена техничка документација со намера тоа да е производ комплетно произведен во нашата држава (исклучок би бил само моторот) кој би се натпреварувал на пазарот за да постигне комерцијален успех, произведен е првиот картинг како мануфактурен производ, а веднаш потоа, по успешните проби и претставувањето на МАКИНОВА во Скопје во 2005 година, произведени се уште три идентични примероци и во 2006 г. започна нивната експлоатација на картинг патеката кај хотелот Еуротел – Струга. Ќе го претставам овој, по многу нешта, прв и единствен целосно македонски производ од светот на моторните возила кој на сите нас ни покажа дека Ние можеме.

Оваа година се навршува еден мал и значаен јубилеј, а тоа е 5 (+1) години од производството на првата серија од четири картинзи, т.е. појавата на првата флота македонски картинзи за забава и рекреација. Картинзите се наречени ТоГи 2 – кованица од првите букви на имињата на авторите. А какви беа почетоците и кој беше следот на настаните поврзани со производството на картинг кај нас ќе можете да прочитате во текстот што следува.
Сè започна во 2003 година кога од главниот уредник на ЕМИТЕР г. Слободан Таневски - Боби добивме предлог да направиме картинг кој би го објавиле како проект за самоградба во ЕМИТЕР. Предлогот го прифативме и тој картинг го нарековме ТоГи 1. Следната 2004 година картингот ТоГи 1 е проектиран и изработен. Претставен е на МАКИНОВА истата година каде што е награден со Сребрен медал, а е објавен во ЕМИТЕР во броевите 1, 2, 3 и 4 од 2005 година. Овде завршува нашиот ангажман со ТоГи 1 и тој си го продолжува животот во рамките на ЕМИТЕР. Со брат ми донесовме одлука да продолжиме со приказната и да се занимаваме со производство на картинзи на комерцијална основа. Походот го започнавме со сосема нов картинг наречен ТоГи 2, кој требаше да биде понуден на пазарот. Истата 2005 година го проектиравме и го произведовме прототипот кој, по успешните проби и тестирања, е претставен на МАКИНОВА во 2005 година. Во 2006 година произведовме уште три нови картинзи. Истата 2006 година, на спортските терени во хотелот Еуротел – Струга, во летната сезона, успешно се рентани четирите картинзи со што се покажа дека се работи за квалитетен производ кој го издржа напорниот тест во реални услови. Кратко ќе се осврнам на најзначајните моменти поврзани со појавувањето и битисувањето на ТоГи 2.

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.