Рубрика: Електроника
Засилувач за слушалки со TDA1308
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Слушалките најчесто се напојуваат со аудиосигнал од неадекватни засилувачи, ставени во аудиоплеерите "колку да ги има". Резултатот е квалитет на звукот под просекот. Затоа одлучивме да направиме висококвалитетен засилувач со интегрираниот засилувач TDA1308, специјално наменет за слушалки.

Лесно им е на аудиофилите со длабок џеб. Ако им треба навистина добар засилувач за слушалки, ќе го купат најквалитетното – засилувач за слушалки со излезен степен во чиста класа А. Лесно им е и на аудиофилите со помал буџет, но со повешти раце – ќе го направат засилувачот во класа А според проектот од ЕМИТЕР 6/2009, или нешто слично, и ќе заштедат значајно количество пари. Но, заедничко и за двете решенија е тоа што таквите засилувачи се, помалку или повеќе, гломазни и скапи. Сепак, не очајувајте – речиси еднакво добар звук се добива со добро проектиран засилувач со излезен степен во класа АБ, кој е многу поевтин и помалку габаритен. Ваков засилувач може да се направи во дискретна техника (со поединечни транзистори), или со некое добро интегрирано коло. Некои од најголемите светски производители на интегрирани кола се потрудија да направат евтини, но висококвалитетни "интегралци" од кои не би се посрамил ниту еден аудиофил. Еден таков пример е TDA1308, производство на NXP (огранок од Philips).

Технички карактеристики:

Напон на напојување: од +9 V до +12 V Максимална излезна струја: 60 mA Максимална излезна моќност: 60 mW / 32 Ω Излезна отпорност: 0,25 Ω Хармоничко изобличување: < 0,05% Фреквенциски опсег: 27 Hz (-1 dB) – 22 kHz (+0 dB) Однос сигнал/шум: > 100 dB Раздвојување на каналите: > 70 dB Slew rate: 5 V/µs

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1220
Печатена плочка: MASK122

ИК: TDA1308 потенциометар: 2x10k/log

Клучни зборови:

Засилувачот за слушалки изработен од Стефан Трајковски од Битола

Засилувачот за слушалки изработен од Стефан Трајковски од Битола

Засилувачот за слушалки изработен од Стефан Трајковски од Битола

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.