Рубрика: Аудио и видеотехника
Shure VP89 – одличен Shotgun микрофон
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


И со овој микрофон Shure ја продолжува својата професионална традиција да дава производ со одличен квалитет на пазарот за аудиоалатки. Но, според онаа познатата изрека "Колку пари, толку музика", овој микрофон со супериорен квалитет кој верно ќе ве служи долги години е нешто поскап. Тоа му е единствена маана!

Кога ќе се слушне името на компанијата Shure, кај тон-снимателите и кај бродкастерите предизвикува почит. Микрофонот VP89 е производ со кој е убаво да се запознаете бидејќи тој не е исклучок, туку напротив: одличен е и има широка примена. Можеби денес ќе ви изгледа прескап, но можеби еден ден ќе имате финансиски можности да го набавите, затоа имајте ја оваа информација на ум или во некој фолдер во вашиот компјутер! Од друга страна, цените на квалитетните микрофони се движат од 700 евра нагоре, што значи цената на овој микрофон е на некој начин уште една потврда за неговиот квалитет и не е превисока за она што го добивате.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.