Рубрика: Информатика
Што можете да купите со 1000 денари? Пита од малини или нов компјутер!
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога во 2006 година една група научници од Универзитетот Кембриџ во Велика Британија оформи за добротворна организација со цел да се проектира евтин комјутер наменет за ученици и студенти – за да се развијат нивните програмерски способности, никој не веруваше во нивниот успех!

И така, за разлика од многубројните добротворни организации кои во последните десетина години интензивно, но безуспешно работат на евтини комјутери наменети за сиромашните земји во развој, фондацијата “Raspberi Pi” успеа да реализира евтин компјутер под истото име. Првите оценки покажуваат неверојатен успех! Откога е пуштен во продажба на 29.2.2012 Raspberry Pi не престанува да ги соборува сите рекорди. Деновиве, уште не произведени, онлајн продажбата во еден момент книжеше 700 нарачки за Raspberry Pi во секоја секунда (42000 секоја минута!), што предизвика задушување на сообраќајот кај сајтовите на дистрибутерите кои примаа нарачки: Premier Farnell (Element 14) и RS. Овој успех е уште поголем ако го знаеме фактот дека моментално се примаат нарачки само од Велика Британија и дека луѓето сега уплатуваат за да го добијат производот во втората половина од месец мај!

Клучни зборови:

Малина P во куќиште

Споредба на Малина P со мобилен телефон

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.