Рубрика: Електроника
Аудионски радиоприемник за кратки бранови
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Аудионскиот краткобранов радиоприемник кој употребува само една батерија од 1,5V е идеален "влез" во приемната краткобранова технологија.

Кога зборуваме за наједноставен и најекономичен радиоприемник, несомнено подразбираме т.н. "аудионски" тип приемник, познат од ерата на електронските ламби. Да се потсетиме, овој тип радиоприемници е дизајниран како т.н. "директен" приемник што значи дека тој го засилува и демодулира приемниот високофреквентен (ВФ) сигнал во кругот на решетката на влезниот засилувачки степен "директно" без претходно да го префрли на меѓуфреквенција (МФ), карактеристично за т.н. "суперхетеродински" принцип. Денес, во ерата на транзистори, аналогија на тоа е демодулација на ВФ сигналот во кругот на базата на транзисторот од влезниот степен. За самоградба на аудионски радиоприемник за среднобраново радиоподрачје ние објавивме напис во бројот 10/11, а во овој напис, како посебен предизвик, ви предлагаме и самоградба на краткобранов (КБ) аудионски радиоприемник. Со оглед на тоа дека сега се работи за краткобраново радиоподрачје, приемникот мора да користи надворешно поставена фиксна антена и неговата "маса" треба да биде "заземјена". Според тоа тој не може да биде дизајниран како мобилен приемник, меѓутоа, тоа може да се искористи така што како излезен степен да се употребат стационарни "активни" звучници (звучници со вграден излезен засилувач), какви што редовно се употребуваат со секој компјутер. На тој начин приемникот добива и "заземјување" преку "нулата" од електричната мрежа на која се приклучени звучниците, што е важно за добар прием на краткобраново радиоподрачје. Според сето тоа, најоптимално решение е радиоприемникот да биде дизајниран како "тјунер", т.е. засилувач до "линиско" ниво, а како излезен засилувач и репродуктори да се користат "активни" звучници. Токму така е дизајниран радиоприемникот којшто овде ви го предлагаме за самоградба.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1209
Транзистори: BC558, BC548, BC337
Променлив кондензатор: 250pF
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.