Рубрика: Електроника
Детектор на температурата на мрзнење
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Предметите, продуктите и другите добра кои ретко се користат или се користат сезонски, најчесто се одлагаат во простории кои немаат греење. Ако тие не поднесуваат ниски температури, во текот на зимата можат да се оштетат или да се расипат. За да не ви се случи такво нешто, изработете го овој склоп кој навремено ќе ве предупреди дека температурата во просторијата паѓа под нула. Занемарливо малата потрошувачка на склопот овозможува напојување од батерија, со што се добива практично неограничена автономија.

За да знаете дали температурата во некоја просторија паѓа под точката на мрзнење, нема потреба да ја следите непрекинато. Доволно е да располагате со температурен сензор и прекинувачко коло со меморија. Се разбира, за да имате сигурна информација, температурниот сензор треба да биде доверлив. Токму таков е интегрираниот температурен сензор LM35. Неговиот аналоген излез се менува правопропорционално за 10mV/°C, при што напонот од нула волти одговара на температура од 0°C. Тој е евтин и што е уште поважно – прецизен. Во целиот работен температурен опсег на сензорот, отстапувањето не е поголемо од ±0,8°C, за сите изведби, а CZ-изведбата во куќиштето TO-92 има типична вредност на отстапувањето од ±0,3°C. Стандардниот спој на температурниот сензор LM35 не овозможува мерење на температури пониски од нулата. Но, ако неговиот излез се поврзе на негативен напон, преку отпорник и тоа е можно. Притоа, треба да биде задоволен условот: кога напонот на излезот на температурниот сензор одговара на најниската температура што се мери, струјата низ овој отпорник да изнесува околу 50µA.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1205
ИК: LM35CZ, TLC271CP
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.