Рубрика: Медицина
Дали шизофренијата започнува како инфекција
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фактите за шизофренијата се толку чудни, што навеле голем број научници да ги напуштат традиционалните објаснувања за оваа болест и да прифатат неверојатни алтернативи. шизофренијата, тие тврдат, не почнува како психолошка болест, туку верувале или не, шизофренијата почнува како ИНФЕКЦИЈА, а во прашање е вирус. Во почетокот ова тврдење било дочекано со скепса од научните кругови, но по долгогодишно истражување многумина се сложуваат дека во прашање е вирус кој пред многу многу години се сместил во нашата ДНК.

Вирус?! Импликациите се огромни. Научникот Тореј, но и оние кои ја прифаќат оваа теорија, а тоа се врвни и истакнати имунолози, одат понатаму во своите тврдења и велат дека симптомите дури можат да се предвидат десетина години пред да се јават. Првите третмани на болеста со лекови против вирус се во тек и даваат добри резултати, што потврдува дека истражувањата се на добар пат. Резултатите би биле корисни и во третирање на биполарно однесување и мултиплекс склероза. Но, од друга страна, генетичарите велат дека "вирусот на лудило" може да го доведе во прашање и досегашниот поглед и објаснување на еволуцијата на човекот намалувајќи ја границата меѓу "нас" и "нив", меѓу патогените (предизвикувачите) и домаќините (нападнатите). Но, да се вратиме на Ториевите истражувања за причините на оваа тешка болест.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.