Рубрика: Електроника
Поправка на универзален мерен инструмент
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Мало невнимание додека сакате со универзалниот инструмент да ја "измерите внатрешната отпорност" на мрежата од 230 V или кога не сакајќи се обидувате да ја измерите "максималната струја" што може да ја даде мрежното напојување. Резултат, силен пукот што ги прободува ушите, бел чад што штипе во очи, забрзана работа на срцето и се разбира каење за тоа како сте можеле да бидете толку невнимателни. Но, не очајувајте – инструментот можете да го поправите со помош на овој напис.

Сигурен сум дека нема електроничар кој не знае дека амперметар во струјно коло се поврзува сериски и дека не се мерат оми на мрежното напојување, но исто толку сум сигурен дека нема електроничар кој барем еднаш не го прегорел својот инструмент за мерење на струја (A), напон (V) и отпорност ;-), т.н. AVO-метар.
Да се згреши, човечки е. Тоа не е некој успех, но успех е од секоја грешка да се извлече некоја поука. Секако, најубаво се учи на туѓите грешки. Ајде да учиме на моите.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.