Рубрика: Електроника
High-End предзасилувач со ECC83 (2)
Автори: Емилијан Иљоски, Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Колку и да е битна електричната шема на одреден уред, таа не претставува многу повеќе од десетина проценти од неговата вкупната техничка реализација. Имено, самата елетрична шема не ја покажува недвосмислено физичката поставеност на пооделните компоненти, како и начинот на кои тие се поврзани. Најголемиот дел од овие дилеми се разрешени уште со проектирањето на одредена ППК; но, кога се работи за реализација на High-End уред тоа како да не е доволно. На пример, многу често се заборава на напојувањето како витален дел за реализација на квалитетно решение. Затоа во ова продолжение ќе обрнеме повеќе внимание на овие проблеми.

Во моето 40-годишно интензивно конструкторско искуство во електрониката сум сретнал секакви електроничари ентузијасти, но најиритантно било присуството на една група која со неверојатна индолентност се однесувала кон физичката поставеност на пооделните електронски компоненти. За нив многу побитно било "нивните" отпорници да се подредени во права линија, отколку дали така поставени тие содејствуваат со соседните компоненти и со тоа неминовно го деградираат квалитетот на соодветното решение. Проектирање на една ППК не е обично линеарно поставување и поврзување на електронски компоненти, туку тоа подлежи на строги физички законитости кои не смеат "така лесно" да се занемарат! Дури и повеќе разликата меѓу некоја реализација со врвен дострел и некоја сосема просечна се огледува во квалитетот на механичкото решение и бројот на решени променливи при негово проектирање. Затоа при конструкција на еден High-End уред многу битно е да имаме при рака врвно конструктивно решение кое многу може да придонесе во реализацијата на зацртаното: изработка на уред со врвен технички дострел. Со реализација на трите основни ППК врзани со овој проект, ни останува уште да ја изработиме последната: напојувањето. Често улогата на напојувањето во севкупниот квалитет на уредот безразложно се занемарува, а би требало да биде спротивното. Имено, најголемиот број на пречки се пренесуваат токму преку напојувањето и апсолутно не може да стане збор за квалитетна реализација на уред во аудиотехниката без квалитетно изработено напојување. И тука не смееме да правиме никаков компромис. Обратно, секое врвно решение, без соодветно решено напојување, може многу лесно да ги "изгуби" своите технички квалитети. Колку побргу ќе се сфати овој факт толку побргу ќе имаме можност да ги разбереме другите фактори кои влијаат врз квалитетот. Така, при првиот поглед на електричната шема на предложеното напојување, некои би кажале дека е премногу сложена. Но, и површна анализа укажува дека тоа е евтино, квалитетно и доверливо решение. Во сегашни услови сите електронски компоненти на предложеното напојување, освен трансформаторите, се поевтини од само една ECC83 од најслаб квалитет. Дури и самата помисла за споредување на цената сите овие компоненти со цената на една ECC83 од најреномираните производители (RCA, General Electric, Valvo, Siemens и сл.) е смешна бидејќи една ваква ламба во моментот вреди 2 до 3 пати повеќе од сите компоненти кои ќе ги употребиме во овој проект. Но, и да не е така, при градбата на еден High-End уред императив е да се користат сите можни решенија за да се добие што е можно подобар квалитет без разлика од нивната цена. Во тој однос ние сме благословени што сегашното ниво на технологија ни дозволува да изработиме напојување со врвни карактеристики со многу малку пари, и тоа треба да го искористиме.

Технички карактеристики:

Фреквентен опсег: 20 Hz – 100 KHz (± 3 dB); 32 Hz – 20 KHz (± 1 dB). Изобличување: Втор хармоник: 0,8%, Трет хармоник: 0,15%, Четврт хармоник: 0,03% (влез CD, 0dBu на излез) Однос сигнал / шум: 90,2 dB(A) Преслушување на канали: 78 dB на 1 kHz; 63 dB на 10 kHz

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1117
Трансформатори: 230 / 2x9V / 12–15VA, 230 / 2x7,5–9V / 4–6VA;
Транзистори: MJE13005, MPSA42; ИК: LM317, LM337
Кондензатори: 100µF/350V, 10µF/350V
Клучни зборови:

Поглед во внатрешноста

Поглед на плочката од напојувањето


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.