Рубрика: Астрономија и астронаутика
Големи јубилеи на астронаутиката
Автори: Петар Лагудин, Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Оваа 2011 год. е година на 2 јубилеја поврзани со освојување на космосот од страна на човекот. Првиот јубилеј е 50 год. од првиот лет на човекот во вселената, којшто го означи почеток на ерата на освојувањето на вселената, а честа да биде првиот космонаут кој престојувал во неа му припадна на русинот Јуриј Алексеевич Гагарин. Вториот јубилеј е 30 год. од стартот на програмата на НАСА "Спејс Шатл", планирана како перманентен транспортен систем за поврзување на Земјата со космосот. Во овој напис ќе се осврнеме на двата јубилеја, на настаните од пред 50 и 30 години, но и на манифестациите со кои овие јубилеи беа одбележани во светот и кај нас.

Вселенските летови со човечки екипаж денес се сметаат за обично секојдневие. Но, поинаква беше ситуацијата пред педесеттина год., т.е. на почеток на ерата за освојување на вселената од страна на човекот. Во тоа време двете супер сили, САД и СССР, беа во трка за престиж во освојување на вселената и се натпреваруваа која од нив прва ќе испрати човек во орбита околу Земјата. Таа чест му припадна на рускиот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин, а настанот се случил на 12.4.1961 год. 20 год. подоцна, на истиот тој датум, но во 1981 год., стартуваше програмата на НАСА "Спејс шатл", всушност вселенски транспортен систем (STS-1) планиран како перманентна врска помеѓу Земјата и космосот. Во овој напис ќе се осврнеме на двата јубилеја, но, според редоследот на настаните, ќе започнеме од првиот јубилеј: 50 год. од летот на првиот човек во вселената.

Клучни зборови:

Гагарин првиот човек кој ја почувствува бестежинската состојба во орбитата на Земјата

Шематски приказ на Восток-1

Космонаутот Јуриј Гидзенко ја посети на Македонија како дел од манифестациите по повод првиот лет на Гагарин

Џон Јанг, командант и Роберт Крипен, пилот на првата мисија на спејс шатлот

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.