Рубрика: Електроника
Аудиофилтер за регулација на присутноста
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Честопати при аудио-репродукцијата е потребно да се истакне присутноста на некој поединечен аудиоизвор (некој инструмент), на пример електричната гитара. Но, поедноставните миксери и гитарски засилувачи главно не содржат такви склопови, па како решение ви предлагаме самоградба на еден таков склоп, кој може да најде корисна примена со тоа што ќе ја истакне присутноста на тој инструмент помеѓу другите инструменти во состав на некоја музичка група или оркестар.

"Истакнатоста" на некој тонски извор, обично на некој музички инструмент во некоја музичка група, се врши со потенцирање на амплитудите во опсегот на средните фреквенции бидејќи од нив најмногу зависи субјективниот впечаток за присутност или отсутност на некој тонски извор. За таа цел, во аудиоуредите се употребува појасен филтер т.н. презенс (presence) филтер со кој може да се врши регулација на обликот на амплитудно-фреквенциската крива во еден релативно тесен фреквенциски појас околу 4 kHz, како најкарактеристичен за субјективното чувство за присутност на некој тонски извор. Презенс-филтерот обично се вградува во аудиомиксетите и гитарските засилувачи, но не и во hi-fi аудиозасилувачите. Освен тоа, вградените презенс-филтри често пати се дизајнирани само за подигнување на нивото на средните фреквенции (присутност), но не и за нивното придушување (отсутност). Склопот кој ние ви го нудиме ги има двете можности: подигнување или придушување на нивото во наведениот опсег на средните фреквенции. Тој може корисно да се употреби како додатен предзасилувач на главниот засилувач за озвучување на електрична гитара, така што ќе ја потенцира нејзината присутност во однос на другите инструменти во состав на некоја музичка група или оркестар.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1114

ИК: TL074

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.