Рубрика: Електроника
High-End предзасилувач со ECC83 (1)
Автори: Емилијан Иљоски, Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последно време присутен е еден негативен тренд во аудиотехниката: На сè што е врзано со електронски ламби му се припишуваат "волшебни" својства и тие априори се категоризираат како High-End, односно како езотерични. Ова подредување оди до таа мерка што се деградираат самите поими High-End, односно езотерика. Во овој мал серијал, преку конкретна реализација, ќе се обидам да го промовирам вистинското значење на овие два збора.

Како што поимот "haute couture" воспоставува високи стандарди во облекувањето, често со своите "езотерични" креации; така и изразот "High End" го прави во полето на техниката. Еден High End електронски уред, покрај тоа што треба да користи врвни решенија во полето на електрониката и да е составен од електронски компоненти од највисока класа, тој исто така треба да задоволи и врвни естетски критериуми. И веднаш тука да застанам бидејќи горенаведената дефиниција треба да ја споредам со она што најчесто се прави не само кај нас туку тоа е присутно и во повеќето реализации презентирани на интернет кои се декларираат како "High End". Многу вообичаено е да се примени некое сосема стереотипно решение, да се применат компоненти со низок квалитет и да се реализира некоја катастрофално лоша (и неефикасна) механичка конструкција која, згора на сè, е толку естетски грда што треба да ја криеме таму некаде длабоко во плакарот. Аматерска електроника која се занимава со изработка на High End уреди несомено навлегува во области каде што индустријата е немоќна или не пројавува интерес поради слабата економска исплатливост. Навистина, кај овие луѓе лесно воочлив е еден невиден ентузијазам да се создаде совршено дело во кое аматерот – ентузијаст несебично се вложува себеси и ги впрегнува своите материјални средства за да ја постигне целта. Неретко тоа се стотици работни часови потрошени на некој совршен раб, перфектно мазна структура или, ако милувате, на изработка на неверојатно квалитетно и прецизно изведено ожичување. Во кратки црти, една High End реализација е неверојатно голем потрошувач на време и ако не сте спремни да го потрошите на овој начин, ви препорачувам да свртите на некоја друга страница од ова списание. Но, покрај потрошеното време, потребни ви се и материјални средства. Во секоја реализација треба да се вградат најквалитетни електронски и механички компоненти кои понекогаш знаат да не бидат толку евтини. Јас не можам да ви дадам пари, јас само можам несебично да го споделам моето знаење со вас. И тоа и ќе го направам, а вам ви останува да обезбедите време и пари. Да се вратиме на голем број решенија со ламби кои се декларираат како High End, а во основа користат еден неисправен концепт: концептот на користење јака повратната врска. Концептот на користење јака повратна врска е резултат на развитокот на полуспроводниците, а воопшто не одговара на основните конструкциски принципи на електронски кола со ламби. Токму затоа нашиот проект се базира на многуте класични решенија кои го користеа колку што е можно повеќе засилувањето на самите ламби, а повратните врски беа присутни само таму каде навистина беа неопходни. Овој проект би требало да им се допадне и на најрадикалните следбеници на “High-End” аудио уреди бидејќи претставува симбиоза на класични и проверени решенија кои даваат јасно изразен “лампашки звук“ и нови концепти кои само придонесуваат да дојде до израз квалитетот на базичното решение. Па да преминеме на анализа на шемата и конструкциските детали...

Технички карактеристики:

Фреквентен опсег: 20 Hz – 100 KHz (± 3 dB); 32 Hz – 20 KHz (± 1 dB).
Изобличување: Втор хармоник: 0,8%, Трет хармоник: 0,15%, Четврт хармоник: 0,03% (влез CD, 0dBu на излез)
Однос сигнал / шум: 90,2 dB(A)
Преслушување на канали: 78 dB на 1 kHz; 63 dB на 10 kHz

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1110
Печатена плочка: ППК1111
Печатена плочка: ППК1112
Ламби: ECC83 (12AX7);
Кондензатори: 150nF/400V (MKC, MKH), 3,3µF/100V (MKC, MKH), 47µF/350V (ELKO);
Преклопници: 2x2 положби и 2x6 положби
Клучни зборови:

Изработете го овој High-End предза-силувач и додадете му лампашка боја на вашиот CD плеер

Изглед од напред со заштитната мрежа

Изглед од назад со заштитната мрежа

Поглед од напред без заштитната мрежа

Поглед од горе без заштитната мрежа

Поглед од горе со заштитната мрежа

Првичната верзија на High-End предзаси-лувачот - поглед од напред

Првичната верзија на High-End предзаси-лувачот - поглед од назад


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.