Рубрика: Електроника
Мултифинкциски автомат за училишно ѕвоно ASB-GE (3)
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во автоматот за училишно ѕвоно објавен во ЕМИТЕР бр.11 и 12/2010 има неколку функции за кои сметам дека можат да се реализираат на поелегантен начин. За тоа е потребен уште еден склоп со неколку интегрирани кола, добра волја за изработка и, се разбира, уште некој денар. Овој дополнителен склоп ќе ви овозможи лесна промена на разните режими на работа и ќе обезбеди визуелна сигнализација на тековниот временски период.

Потребата од уште еден релеј заради распознавање на смените го растури концептот според кој го дизајнирав автоматот за училишно ѕвоно. Тој дополнителен релеј може да се замени со аналогни прекинувачи кои имаат занемарлива потрошувачка во однос на релејот. На тој начин потрошувачката на целиот автомат останува во рамките на дозволените граници. Но, ако веќе се прави дополнување на постоечката конфигурација тогаш, за да се олесни манипулацијата со автоматот, пожелно е таа да опфати повеќе од проста замена на релејот за распознавање на смените со аналогни прекинувачи. Тука пред сè мислам на сигнализацијата во основниот модул. Сè на сè, со воведување на овој склоп се добива следното: - незначително се зголемува потрошувачката на автоматот во училиштата во кои е неопходно распознавање на смените; - во училиштата во кои е неопходно распознавање на смените се задржува оригиналната намена на излезниот приклучок EN; - се воведува визуелна сигнализација за временските периоди, така што во секој момент може да се провери кој временски период е во тек, било да се работи за одмор, час или пауза помеѓу смените; - се упростува постапката за прескокнување на временски периоди при што за следење на бројот на прескокнати временски периоди нема потреба од броење; - за реализација на преклопничките мрежи за скратена настава и распознавање на смените доволен е само еден преклопник. Дополнителниот склоп е составен од четири функционални блокови: блок за визуелна сигнализација на временските периоди, блок за распознавање на смените со еден трополен двоположбен преклопник за реализација на преклопничката мрежа, два трополни двоположбени преклопници за реализација на преклопничката мрежа за скратена настава и логика за едноставно прескокнување на временските периоди. И покрај тоа што користат заеднички електронски компоненти, сите четири функционални блокови се независни така што кој и да е од нив може да се изостави при изработката. Освен тоа двете преклопнички мрежи можат меѓусебно да се комбинираат, а за секој случај оставена е и можноста за поврзување на дополнителен релеј за распознавање на смените.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1107
ИК: CD4013, CD4017, ULN2004, CD4093, CD4053, CD4081
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.