Рубрика: Електроника
Мерења во аудиотехниката (5): Употребете го вашиот компјутер
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатите продолженија видовме дека професионалната опрема за мерења во аудиотехниката е многу скапа и следствено недостапна за многу електроничари и аудио ентузијасти. Но, исто така, видовме дека во последните десет години преовладуваат дигиталните мерења. Како можеме да го приспособиме нашиот компјутер да ги врши овие мерења?

Персоналните сметачи сè повеќе заземаат голем број на сфери на нашето дејствување, и тоа со невидено брзо темпо, така што тоа што претставуваше врвна технологија пред десетина години, денес се вградува во евтини играчки. Најновите генерации на персонални сметачи за само неколку стотини евра, кога се работи за аудиосигнали, вршат брза Фуриеова трансформација (FFT), побрзо од суперкомпјутерите вредни десетици милиони евра пред петнаесетина години. Недвојбено е дека оваа придобивка треба да ја искористиме, но таа како да ни бега од раце кога се работи за мерења во аудиотехниката првенствено поради нашето ограничено познавање на проблематиката. Во продолжение ќе се обидам барем да ги обработам основните постулати, да обрнам внимание ние на мерките запредострожност, како и да посочам на неколку бесплатни програми со чија помош лесно ќе можете да ја остварите целта: да го приспособите вашиот компјутер да ги изврши потребните мерења во аудиотехниката.
Со овој мини-серијал се надевам дека барем малку ве приближив до светот на аудиомерењата. Свет со многу недостатоци и недоследности, но и свет од кој штотуку треба да слушаме новости. Доколку покажете интерес за оваа проблематика, јас и редакцијата на Емитер спремни сме да изработиме уште еден мини-серијал на оваа тематика, кој ќе резултира со целовито хардверско и софтверско решение за мерења во аудиотехниката. Битно е вашето мислење и одѕив, затоа изнесете ги вашите видувања на нашата e-mail адреса: [email protected].

Клучни зборови:

Типично поврзување при голем број на аудиомерења со помош на компјутер.

Одличен сигнал-генератор: Audio SweepGen.

Прецизен аудиоспектрален анализатор: Audio Analyser V1.9.

Спектрален анализатор од комплетот програми за аудиомерења: Audio Test Bench.

Soundcard Scope изработен во LabVIEW.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.