Рубрика: Електроника
500W излезен засилувач
Автори: Коста Карпузовски, Радомир Макаровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.

Изработениот прототип од 500W засилувач

Една од основните компоненти на квалитетен разгласен или домашен Hi-Fi систем е моќен излезен засилувач. На пазарот на аудио опрема се нудат многу излезни засилувачи на моќност кои со своите карактеристики се ноѓаат на самиот врв, но доколку ја погледнете цената на овие уреди ќе забележите дека во никој случај не се наменети за скромниот буџет на електроничарот самоградител. Во овој број ви го претставуваме “DINAKORD-EMINENCE” кој со својата релативно ниска цена, во споредба со комерцијалните уреди од истата класа, ќе ги задоволи барањата на сите оние кои освен квалитетниот звук го ценат и чувството во стомакот од силниот бас.

Денес, кога сѐ повеќе употребуваме готови интегрирани, монолитни или хибридни, засилувачи и кога се чини дека дискретните изведби веќе го губат својот сјај, можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете дека излезниот транзистор е незаменлив кога се бара моќност. Дури и најпознатите производители на моќни излезни засилувачи во своите дизајни употребуваат хибридни споеви на веќе незаменливите операциони засилувачи во влезната секција и излезни транзистори како засилувач на моќност. Токму затоа во оваа прилика се определивме да се задржиме во оваа насока на размислување и ви го претставуваме "DINAKORD-EMINENCE", еден од врвните претставници на својата класа. Во оваа прилика сепак ќе напоменеме дека освен желбата и поголемите финансиски вложувања, за градба на ваков засилувач потребни се и поголеми знаења и практични искуства од електрониката.

При склопување на уредот посебно внимание треба да се обрне на ориентацијата на елементите бидејќи погрешната ориентација на некој од елементите може да доведе до трајно оштетување на уредот како и до значителна материјална штета. Пожелно е отпорниците да се металфилм, со што ќе се намали шумот на засилувачот. Кондензаторите треба да се за соодветен напон.

Технички карактеристики:

Излезна моќност: 100 – 500W
Напон на напојување: Табела 1
Хармониски изобличувања: <0,1%
Пропусен опсег: 5Hz – 50Hz
Однос сигнал-шум: 96dB
Дампинг фактор: >100
Влезна осетливост: 1V
Влезна отпорност: 33k оми
Импеданса на звучникот: Табела 1

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: 980303

ИК: TL071
Транзистори: 2N3773 или 2N3055
Трансформатор: види Табела 1
Ладилници

Заслугите за изработката на 500W засилувач од ова видео му припаѓаат на нашиот читател Жарко Петковски од Тетово.
Клучни зборови:
Изработениот прототип од 500W засилувач

Изработениот прототип од 500W засилувач

Изработениот прототип од 500W засилувач

Изработениот прототип од 500W засилувач

Табела 1

Табела 1

500W засилувач во изведба на Сашо Трајчески од Охрид

500-ватниот засилувач изработен од Жарко Петковски од Тетово. Кутијата што ја гледате на фотографиите е исто така дело на Жарко – рачна изработка. Иако не била наменски направена за овој засилувач, но била соодветна за да се искористи.

500-ватниот засилувач изработен од Жарко Петковски. За изработка биле употребени квазикомплементарни излезни транзистори 2N3773, по 4 на канал,

500-ватниот засилувач изработен од Жарко Петковски. За изработка биле употребени квазикомплементарни излезни транзистори 2N3773, по 4 на канал, што значи изработен е во верзија со излезна моќност од 2 x 200 W.

500-ватниот засилувач изработен од Жарко Петковски. Жарко на засилувачот му додал заштита за звучници со uPC1237 , LED индикатор за вклучување на уредот, сигнал индикација и клипинг, а исто така и RC филтер и калем на излезот.

500-ватниот засилувач изработен од Жарко Петковски е изработен во верзија за 200 вати со трансформатор од околу 400 вати.со тра

500-ватниот засилувач изработен од Жарко Петковски е изработен во верзија за 200 вати со трансформатор од околу 400 вати.

500-ватниот засилувач од Жарко Петковски од Тетово, изработен во верзија од 2 x 200 W, со додадена заштита за звучници со uPC1237 , LED индикатор за сигналот и RC филтер и калем на излезот.  .

500-ватниот засилувач од Жарко Петковски од Тетово, изработен во верзија од 2 x 200 W, со додадена заштита за звучници со uPC1237 , LED индикатор за сигналот и RC филтер и калем на излезот.  

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.