Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Акустика на простории

Акустика на простории

Автор:
Миле Серафимовски

Издадена: 2009 година

Формат: A5

Страници: 60

ISBN: 978-608-4584-00-1

Статус:
Има на залиха



Нарачај ја оваа книга

Цена: 100.00 денари
Нарачај

Основна теорија за акустичките процеси во затворени простории, посебен осврт за говорна и музичка акустика, анализа и пресметка на разни видови апсорбери и дифузери, пресметка на времето на реверберација...

Во последните две децении во Македонија профункционираа мноштво аудио, видео, радиски и ТВ-студија. Со малку исклучоци, за жал, нивната акустичка обработка претежно се сведуваше на искуствена обработка, со делумно користење на странска литература, без математички пресметки и без акустички мерења. Сè се оставаше на слушните тестови кои многу се подложни на субјективизам, иако не може да се порекне нивната важност. Брошурата АКУСТИКА НА ПРОСТОРИИ од Миле Серафимовски нуди можност акустичката обработка да се направи стручно и квалитетно. Содржи објаснувања за сите значајни поими, појави и пресметки од акустиката на просториите, како и многу цртежи, графици и обемни табели со податоци за акустичките особини на разни материјали. Материјата е изложена преку четирите поглавја: 1. Звучни процеси во затворени простории; 2. Говор и музика; 3. Апсорпциски материјали; 4. Пресметување на времето на реверберација.
Брошурата претставува обид да се внесе повеќе објективност во квалитетното создавање на акустички студиски простор, да го увери читателот дека акустичката обработка е далеку од покривањето на ѕидовите со најевтиниот материјал. Сметаме дека оваа брошура ќе придонесе во иднина да се потисне аматеризмот, да превладее професионалниот однос кон оваа проблематика кој ќе доведе до квалитетно акустички обработени простории.

Содржина:

1. Звучни процеси во затворени простории
1.1 Вовед
1.2 Рефлексии
1.3 Флатер-ехо
1.4 Стојни бранови
1.5 Закони за пораст и опаѓање на звучната енергија
1.6 Сопствени фреквенции на просториите
1.7 Пример на пресметка на модовите
1.8 Опаѓање (стивнување) на модовите
1.9 Пропусен опсег на модовите
1.10 Модална густина
1.11 Распределба на модовите и обојувањето
1.12 Критериумот на Бонело
1.13 Влијание на реверберацијата на субјективниот впечаток
1.14 Субјективно влијание на рефлектираните звучни бранови
1.15 Акустички однос
1.16 Волумен на просторијата
1.17 Облик на просторијата
1.18 Дифузност
1.19 Шредерови дифузери
1.20 Кус преглед за основните начела за мали простории

2. Говор и музика
2.1 Говорна акустика на просториите
2.2 Оптимално време на реверберација во говорната акустика
2.3 Музичка акустика на просториите

3. Апсорпциски материјали
3.1 Вовед
3.2 Порозни материјали
3.3 Акустички резонатори
3.4 Механички ( мембрански) резонатори

4. Пресметување на времето на реверберација



Промена на звучниот притисок во просторија во зависност од растојанието на звучниот извор

Промена на звучниот притисок во просторија во зависност од растојанието на звучниот извор

Појавата на флатер-ехо се должи  на паралелните рефлек-тирачки површини

Појавата на флатер-ехо се должи на паралелните рефлек-тирачки површини

Рамномерна дифузност ќе се постигне со закривен плафон

Рамномерна дифузност ќе се постигне со закривен плафон

Зависност на оптималното време на ревербе-рација од волуменот за различни изведби

Зависност на оптималното време на ревербе-рација од волуменот за различни изведби

Фреквенциска зависност на коефициентот на апсорпција на порозни материјали зависи од дебелината

Фреквенциска зависност на коефициентот на апсорпција на порозни материјали зависи од дебелината

Кај мембранскиот резонатор со повеќе нивоа кривата на селективност е проширена во голем дел од ниските фреквенции

Кај мембранскиот резонатор со повеќе нивоа кривата на селективност е проширена во голем дел од ниските фреквенции

На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Купувањето е овозможено преку нашата е-продавница во менито Книги и брошури.
Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk