Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Обработка на аудиосигналот

Обработка на аудиосигналот

Автор:
Миле Серафимовски

Издадена: 1999 година

Формат: Б5

Страници: 154

ISBN: 9989-9500-0-8

Статус:
Распродадена



Нарачај ја оваа книга

Цена: 350.00 денари
Нарачај

Книга за уредите за обработка на аудио-сигналот: ревербератори, еквилајзери, компресори, експандери и други процесори кои се користат во студијата и домашните системи.

Снимањето, записот, обработката, репродукцијата и преносниот пат на аудиото бараат длабоко познавање и на музиката и на аудио-техниката. Комплексната работа на тонските мајстори навлегува и во уметноста и во електрониката. Книгата "Обработка на аудиосигналот" од Миле Серафимовски ќе ви помогне да ја осознаете техничката страна на аудиото. Материјата е презентирана во четири глави: Реверберација и ехо, Еквилизација, Регулација на динамиката и Системи за редукција на шум. Во секоја глава покрај теоретската разработка е даден приказ и на повеќе уреди што денес се користат во студијата, кај нас и во светот. Книгата завршува со Краток аудио речник, во кој накратко се објаснети многу поими од аудио-техниката.
"Обработка на аудиосигналот" е прирачник за сите што професионално или од хоби се во допир со аудиотехниката.

Содржина:

1. Реверберација и ехо
1.1. Физички својства на звукот во затворен простор
1.2. Доцнење (рани рефлексии и ехо)
1.3. Реверберација
1.4. Уреди од практиката
2. Еквилизација
2.1. Начини на еквилизација
2.2. Видови еквилајзери
2.3. Фазно поместување на еквилајзерот
2.4. Некои примени на еквилизацијата
2.5. Ознаки за еквилизација
2.6. Уреди од практиката
3. Регулација на динамиката
3.1. Компресија
3.2. Експанзија
3.3. Компандер
3.4. Уреди од практиката
4. Системи за редукција на шумот
4.1. За шумот
4.2. Слушниот, аналогниот и дигиталниот прозорец
4.3. Поделба на системите за редукција на шум
4.4. Dolby A систем за редукција на шум
4.5. Dolby SR систем за редукција на шум
4.6. DBX систем за редукција на шум
4.7. Telcom c4 систем за редукција на шум
4.8. Општ преглед врз системите за редукција на шум
4.9. Систем за редукција на бучава кај слушалките
4.10. Уреди од практиката
Краток аудио-речник
Литература

На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Купувањето е овозможено преку нашата е-продавница во менито Книги и брошури.
Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk