Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

Микроконтролери за почетници 1

Микроконтролери за почетници 1

Автор:
Добре Блажевски

Издадена: 2008 година

Формат: A5

Страници: 60

ISBN: 978-9989-9500-9-4

Статус:
Има на залиха



Нарачај ја оваа книга

Цена: 100.00 денари
Нарачај

Што е микроконтролер, преглед на најпознатите микроконтролери, детален опис на PIC16F84, проекти за самоградба на програматор и неколку други електронски уреди.

Содржините на брошурата "Микроконтролери 1" од Добре Блажевски започнуваат со основната теорија за микроконтролерите (Основи на дигитална електроника, Што е микроконтролер, Преглед на најпознатите микроконтролери), по што следува детален опис на микроконтролерот PIC16F84(A), проект за самоградба на програматор за повеќе типови PIC микроконтролери и упатства за користење на придружниот софтвер за преснимување на готова програма во микроконтролерот. Последниот дел е наменет за проекти на неколку електронски уреди со PIC микроконтролери (мелодичен микроконтролер, кодирана брава и движечко светло) за кои е обезбедена и бесплатна програма за PIC-от. За успешно да се совладаат содржините на оваа брошура доволно е читателот да има само основни познавања од електрониката.
Како што може да се забележи, брошурата е наменета за електроничари кои немаат искуства со микроконтролерите и кои со нејзина помош на лесен начин ќе влезат во светот на микроконтролерите, ќе се запознаат со нивните основни составни делови и со начинот на работата, како и со постапката за снимање (запис) на готова програма во микроконтролерите. На тој начин секој електроничар - читател на оваа брошура во иднина ќе може успешно да го изработи секој проект во кој е вклучен микроконтролер, а за кој се нуди готова (обично бесплатна) програма, што е вообичаена пракса во ЕМИТЕР и во странските списанија за електроника.

Содржина:

1. Вовед
2. Основи на дигитална електроника
3. Што е микроконтролер
4. Преглед на најпопуларни микроконтролери
5. Микроконтролер PIC16F84(A)
6. Поврзување за работа на PIC16F84(A)
7. Инструкции
8. Програматор за PIC микроконтролери
9. Инсталација и употреба на програмата FPP
10. Проекти со PIC микроконтролери
11. Заклучок

Главни елементи:

Плочки:
Програматор - ППК319
Мелодичен микроконтролер - ППК320
Кодирана брава - ППК321
Движечко светло - ППК322

Микроконтролери: PIC16F84-04/P, PIC16F628-04/P
Релеи: 12Vdc/230Vac/10A
Кристали: 4MHz

На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Купувањето е овозможено преку нашата е-продавница во менито Книги и брошури.
Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk